Две умреле под мистериозни околности – Кои биле љубовниците на Кенеди и колку пари добила Џеки за да молчи?

Аферите биле нормална појава во семејството Кенеди

Неверствата во семејството на Џон Ф. Кенеди не биле ништо ново, а за аферите на некогашниот претседател на САД се зборува и денес.

Кенеди и мажите од неговото семејство како да се натпреварувале кој ќе имал повеќе љубовници.

А, кога станува збор за аферите на претседателот, медиумите редовно пишувале за нив уште пред неговата смрт.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-08.jpg

Џеки била свесна за аферите и била повредена

Според некои извори, Џеки Кенеди многу добро знаела дека претседателот е „женкар“ уште пред да се венча со него.

Сепак, ова не значело дека не била повредена од неговите неверства.

Имено, Џеки најмалку двапати сериозно размислувала да поднесе барање за развод.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-09.jpg

Кенеди ја оставил сама кога родила мртво дете

Наводно, Џеки станала свесна дека покрај себе нема грижлив сопруг откако родила мртво дете – девојче кое го крстиле Арбела.

Наводно, тогаш претседателот бил на крстење околу Италија со неколку пријатели, а на јахтата имало и жени.

Кога дознал за нивната мртва ќерка, тој одлучил да продолжи со забавата наместо да се врати дома кај сопругата.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-11.jpg

Џеки добила пари за да молчи

Од една страна, семејството на Џеки пробувало да ја убеди да поднесе барање за развод. Но, таткото на претседателот – Џо Кенеди – ѝ дал пари за таа да молчи.

Според некои извори, тој ѝ понудил еден милион долари на Џеки за да не се разведе, бидејќи бил свесен дека со разводот, политичката кариера на син му ќе биде уништена.

Истовремено, тој ѝ рекол дека ќе му даде по еден милион долари на секое нивно дете што ќе го роди.

Па, веројатно поради тоа, Џеки остана покрај претседателот до неговата смрт.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-13.jpg

И тајната служба била задолжена за прикривање на аферите

Многу извори тврдат дека во прикривањето на аферите на Кенеди била вклучена и тајната служба на САД.

Нивната задача била да го зачуваат угледот на претседателот и да ги спречат медиумите да пишуваат за неговите љубовници.

Новинар на CBS, Марвин Калб, има пишувано и за неговото искуство со тајните служби.

Една вечер, Марвин го посетил хотелот Carlyle во Њујорк каде што отседнувал претседателот. И, тогаш видел нешто што не требало да го види.

Имено, агенти на тајната служба на САД од хотелот изнесувале атрактивна девојка која претходно била во собата на Кенеди.

Тие не очекувале новинарот да биде во хотелот, па кога го здогледале, еден од нив го турнал на земјата за да не може да ја види девојката.

Сепак, новинарот одлучил да не истражува за настанот бидејќи во тоа време не било чудно претседателот да има љубовница.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Кои правила ги следат агентите на Американската тајна служба кога го штитат претседателот? Некогаш му прават друштво на претседателот до тоалетот и ако тој сака да џогира ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg