Детали од секојдневието во Јужна Кореја што нам ни изгледаат чудно
8. Во многу слаткарници во Јужна Кореја, ако купите роденденска торта, како подарок добивате свеќи, шпатула и кибрит.
9. Некои ресторани им даваат кеси на посетителите за нивните јакни, за да не им го апсорбираат мирисот на храна.
10. Цената на билетите за метро не е фиксна, односно зависи од растојанието што треба да го поминете.
11. Уште еден необичен стандард за убавина – природно витканата коса се смета за неуредна, додека локните направени со пегла, фигаро и слично се мошне популарни.
12. Корејците ретко канат некој на состанок. Повеќето парови се запознаваат преку заеднички пријатели, некогаш и преку нивните родители.
13. Во Јужна Кореја е очекувано секој да си носи своја ролна тоалетна хартија на работа и во училиште.
Спирова С. | Црнобело