Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја

Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и тампони. Што друго им е забрането на жените во Северна Кореја?

pet-raboti-koi-im-se-zabraneti-na-zenite-vo-severna-koreja-01.jpg

Северна Кореја - изолирана и мистериозна земја во Источна Азија која сѐ повеќе станува интригантна за луѓето ширум светот.

Малку се оние кои ја посетиле.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, со воведување забрaни, се обидува да се избори против влијанието на западната култура во неговата земја.

pet-raboti-koi-im-se-zabraneti-na-zenite-vo-severna-koreja-12.jpg

Начинот на кој жените се перципирани варира многу, во зависност од нивниот статус и улога во општеството. 

Во патријархалниот систем, постои јасно дефинирана хиерархија која ги рангира мажите над жените и ги ограничува женските активности. 

Начинот на кој жените се перципирани во Северна Кореја е под големо влијание и од конфучијанскиот патријархален систем и од идеологијата Џуче на покојниот Ким Ил Сунг.

Ова се дел од работите кои им се забранети на жените во Северна Кореја:

Фризури

Интересно е тоа што немажените жени можат да изберат една од само 15 фризури одобрени од владата, додека мажените треба да носат кратка коса.

Фармерки

Сините фармерки и модата од западните земји се строго забранети

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун забрани носење фармерки и друга облека што е модерна на запад.

На овој начин, Северна Кореја се обидува да се избори против влијанието на западната култура, која продира во земјата од нејзините соседи.

pet-raboti-koi-im-se-zabraneti-na-zenite-vo-severna-koreja-09.jpg

Влошки

Во Северна Кореја воопшто не се продаваат влошки и тампони за еднократна употреба. Жените користат влошки за повеќекратна употреба. 

Дизајнерски чевли

Во Северна Кореја не се достапни дизајнерски чевли, со исклучок на регионите кои граничат со Кина, каде што можете да купите чевли со високи потпетици од кинеско производство.

pet-raboti-koi-im-se-zabraneti-na-zenite-vo-severna-koreja-08.jpg

Жените немаат право да возат

Право да возат имаат само машките државни службеници, а на жените воопшто не им е дозволено да возат, без разлика на професијата.

pet-raboti-koi-im-se-zabraneti-na-zenite-vo-severna-koreja-03.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни) Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg