Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле
Кети Клејнер и Карен Чендлер
Кејти и Карен го преживеале нападот на можеби најпознатиот сериски убиец – Тед Банди.
Тед Банди бил одговорен за убиството на над 30 жени, а ги нападнал Кети и Карен во 1978 година, и тоа во студентскиот дом во којшто отседнувале.
Кога влегол внатре, убил две други девојки пред да ги нападне Кети и Карен.
Кети и Карен
Од нападот, Кети завршила со скршена вилица и изместено рамо, додека Карен имала потрес на мозокот, скршена вилица, а и паднале и неколку заби.
Иако биле повредени, девојките го преживеале нападот.
Покрај Кети и Карен, уште неколку жени успеале да се спасат од рацете на Банди.
Тед Банди
Витни Бенет
Витни Бенет имала среќа што убиецот Ричард Рамирез бил суеверен.
Рамирез убил најмалку 13 луѓе во Калифорнија во периодот 1984-1985 година, и тоа влегувајќи во нивните домови.
Кога влегол во домот на Витни, ја удрил по главата и пробал да ја задави со телефонски кабел.
Ричард Рамирез
Но, од кабелот почнале да излегуваат искри, па убиецот се исплашил и избегал.
Имено, тој бил сатанист и кога бил уапсен изјавил дека помислил дека искрите се знак дека Исус ја спасил неговата жртва.
Ричард Рамирез
Брајан Хартнел
Американецот Брајан Хартнел преживеала напад од најмистериозниот сериски убиец – Зодијак.
Во 1969 година, Брајан и неговата девојка Сесилија имале пикник покрај езеро, кога се појавил убиецот.
Брајан Хартнел
Тој ги заврзал и двајцата, а потоа ги избодел. Сесилија им подлегнала на повредите, но Брајан успеал да се спаси.
И покрај сведоштвото на Брајан, но и уште неколку други потенцијални жртви, до денес никој не го знае идентитетот на Зодијак.
Скица од Зодијак
Ребека Гард
Со 49 потврдени убиства, Џери Риџвеј е еден од американските убијци со најмногу жртви.
Но, Ребека Гард успеала да го преживее неговиот напад.
Убиецот ја киднапирал Ребека додека пробувала да најде превоз на автопат. Тој се понудил да ѝ помогне, но веднаш ја однел во шума во близина каде што ја нападнал.
Ребека Гард
Ребека успеала да се одбрани и да побегне. Во близина имало мала куќа каде што веднаш добила помош.
Убиецот бил уапсен во 2001 година и добил доживотна казна затвор.
Џери Риџвеј
Спирова С. | Црнобело