Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле
Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 жени. Но, две две девојки успеале да се спасат…
Кога читаме или гледаме нешто за сериски убијци, обично е спомнат бројот на жртви. Поради ова, мислиме дека нивните злосторства се „совршени“ и дека никој не успеал да им избега.
Но, некои луѓе имале многу среќа и успеале да побегнат од рацете на некои од најозлогласените сериски убијци.
Дел од нив во продолжение:
Холи Дан
Холи Дан успеала да му побегне на Анхел Ресендиз, маж кој убил најмалку 15 луѓе во Мексико и САД во 1980-тите и 1990-тите.
Холи била нападната од него во август 1997-ма, додека шетала со дечко ѝ покрај железничка пруга.
Убиецот им ги врзал рацете на двајцата, па го убил дечко ѝ на Холи удирајќи го со камен по главата.
Холи Дан
Тој ја повредил и Холи – ја удирал, дури и ја силувал, па ја оставил мислејќи дека е мртва.
Холи сепак не им подлегнала на повредите и станала единствената личност која преживеала напад од озлогласениот убиец.
Анхел бил уапсен во 1999-та, добил смртна казна и бил егзекутиран во 2006 година.
Анхел Ресендиз
Тереса Торнхил
Англичанката Тереса Торнхил имала само 15 години кога успеала да му побегне на Роберт Блек.
Роберт киднапирал, силувал и убил неколку млади девојки низ Англија пред да биде уапсен и затворен.
Тој пробал да ја киднапира Тереса во Нотингем. Но, додека се обидувал да ја собори, Тереса успеала да го удри по препоните и да викне за помош.
Тереса Торнхил
За среќа, дечко ѝ бил во близина и ја слушнал. Кога дотрчал, убиецот се исплашил, влегол во неговиот автомобил и избегал.
Убиецот бил на слобода уште две години, пред да бие уапсен во Шкотска.
Добил доживотна казна затвор, а починал во 2016-та.
Роберт Блек
Тали Шапиро
Тали Шапиро била уште помала кога го преживеала нападот на серискиот убиец Родни Алкала од САД.
Не е познато колку луѓе убил Родни Алкала, но бројката може да достигнува и повеќе од 100.
Тој почнал со неговите злосторства во 1968, а меѓу првите жртви била Тали Шапиро која тогаш имала само осум години.
Тали Шапиро
Убиецот ја нападнал Тали и ѝ нанел сериозни повреди со метална шипка, но таа некако успеала да повика полиција.
Додека полицајците да стигнат, убиецот избегал, но ја спасиле Тали која денес наводно работи како готвачка.
Убиецот, пак, добил смртна казна, а починал во 2021-ва во затворот од непознати причини.
Родни Алкала
Коразон Амурао
Коразон Амурао била студентка кога во 1966-та, во нејзиниот интернет упаднал американскиот сериски убиец Ричард Спек.
Во интернатот биле вкупно девет девојки, а Ричард Спек силувал и убил осум од нив.
Додека траел хоророт, Коразон успеала да се скрие под кревет и останала таму до шест наутро пред да се охрабри да излезе.
Коразон Амурао
Девојката ја поминала цела вечер во собата опкружена со мртвите тела на нејзините пријателки.
На крај, кога Ричард бил фатен, нејзиното сведоштво било клучно и помогнало тој да добие доживотна казна затвор.
Убиецот починал во 1991-ва од инфаркт.
Ричард Спек