Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел лета над гостите
Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенците, виолинистки во раскошни фустани со огромни цветови, илјадници цветни декорации и поглед на врвот Матерхорн... свадба на планина во Швајцарија е како вистинска снежно-ледена бајка.
На Инстаграм се објавени фотографии и видеа од нереалната свадба на Луси и Дарен Лунг, која се одржа во ски-центарот Цермат во Швајцарија.
Фотките потсетуваат на вистинска зимска бајка - младоженецот оди по невестата која е „замрзната“ во „коцка мраз“, гостите ги пречекуваат виолинистки во раскошни фустани со огромни цветови, а над нив „лета“ ангел.
Секаде наоколу има прекрасни цветни декорации и сето тоа со поглед на врвот Матерхорн, додека околу гостите скијаат туристи.
На свадбата, која се одржала во Iglu Dorf, младоженецот носи килт, а невестата фустан со тантела.
Интересно е и тоа што многу од жените избрале фустани на прерамки, иако се на врв на планина покриена со снег.