7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо
Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лажица, а потоа обидете се да ја кренете и да ја спуштите само со мускулите од вилицата.
Со годините, нормално е кожата на лицето да стане поопуштена, да се појават брчки, дури и подбрадок. За среќа, постојат вежби кои можат да ја затегнат кожата во овие области и да ве подмладат.
За дел од нив не ви треба никаква опрема, други се прават само со лажица. Но, резултатите ќе ги забележите за неполн месец, само бидете упорни.
Вежби со јазикот за намалување на подбрадокот
Со оваа вежба се затегнува мускулот платизма, кој се наоѓа во предниот дел од вратот. Навалете ја главата наназад, па јазикот притиснете го на внатрешноста од горниот дел од усната.
Правете го ова бавно и ќе почувствувате како се затегнуваат мускулите на вратот.
Тргнете го јазикот, па вратете ја главата во нормална положба. Повторете ја вежбата 10 пати.
Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица
Меѓу усните ставете лажица. Обидете се да ја кренете, а потоа и да ја спуштите само со мускулите на вилицата.
Повторете го ова неколкупати, а потоа обидете се да се насмевнете додека ви е лажицата во уста.
Останете во оваа положба до 10 секунди и така ќе ви се поткренат јаболчиците и ќе се зацврстат мускулите на вратот.
Поткревајте ги веѓите за да изгледате помладо
Со текот на годините веѓите почнуваат да се спуштаат надолу.
За да го спречите ова, ставете ги показалците меѓу веѓите и очните капаци.
Со помош на мускулите на челото кревајте ги веѓите колку што можете повисоко, а со прстите влечете ја кожата од очите надолу.
Повторувајте ја вежбата 10 пати секое утро и 10 пати навечер.
Но, не притискајте пресилно, бидејќи кожата над очите е многу нежна.