Инфлуенсери кои биле уапсени во Дубаи - 5 години затвор за исмејување на богатите Арапи
Девојка која висеше на работ на кулата „Кајан“, момче кое ги исмејуваше богатите арапски бизнисмени... Кои инфлуенсери биле уапсени од полицијата во Дубаи и зошто?
Дубаи важи за една од арапските земји каде законите се релативно поблаги во споредба со нивните соседи, но сепак постојат правила што не смеат да се прекршат и заради кои некои инфлуенсери биле уапсени, а некои се соочиле и со забрана за повторен влез во земјата.
Во продолжение, некои од најпознатите инфлуенсери кои биле уапсени во Дубаи и кои биле причините за нивните проблеми со властите:
Го жртвувала животот за „лајкови“
Во 2017-та година, Русинката Вики Одинткова се фотографираше како виси на работ на 37-иот кат на кулата „Кајан“ во Дубаи, во обид да долови перфектна фотографија за Инстаграм.
Видеото во кое со помош на еден асистент таа се спушта до работ на зградата стана вирално на социјалните мрежи, по што локалната полиција веднаш ја уапси.
Таа беше обвинета за загрозување на сопствениот живот, па се соочи и со забрана за повторен влез во Емиратите.
„Сѐ уште не можам да верувам дека го направив тоа. Секојпат кога го гледам видеото, рацете ми се потат“ – рече таа непосредно по објавувањето на видеото.
Видеото на кое се гледа како таа виси без заштитна опрема на 300 метри височина беше повик за будење кај властите во Дубаи, кои потоа се обидоа да го ограничат пристапот до врвот на некои од највисоките згради.
Are instagram likes really worth doing this? pic.twitter.com/IeTi68nf87
— Interesting As Fuck (@interesting_aIl) February 20, 2024
Ги исмејувал богатите Арапи
Во 2023-та година, Хамдан Ал Ринд, Азиец со постојан престој во Дубаи, беше уапсен затоа што го злоупотребувал интернетот, така што објавувал пропаганда која го поттикнува јавното мислење и му штети на јавниот интерес.
Хамдан на социјалната мрежа ТикТок се претставуваше како „експерт за коли“ (Car Expert), а во едно од своите видеа ги исмејуваше богатите Арапи.
Облечен во кандура (традиционална арапска облека), со очила за сонце и маска на лицето, тој влезе во продавница за луксузни автомобили, фрлаше пари насекаде и бараше да го купи најскапиот автомобил.
Видеото имало милионски прегледи пред да биде тргнато од платформата и да биде целосно забрането, според некои пишувања, инфлуенсерот се соочува со затворска казна во траење од 5 години.
https://www.tiktok.com/@almost.co/video/7255876153502649626
Жена му се развикала на вработен во салон за изнајмување возила
Американката Тиера Јанг Ален беше уапсена во Дубаи и подолг период не смееше да ги напушта Емиратите сѐ додека не плати казна од 1.360 долари.
Тиера беше инфлуенсерка која објавуваше видеа во кои вози камиони, а кон крајот на нејзиното патување во Дубаи имала полесна сообраќајна несреќа со изнајмено возило.
Кога го вратиле автомобилот во салонот, вработениот не ѝ дозволувал да си ги земе личните работи од него, и барал да му плати илјадници долари отштета.
По ова, полицијата добила дојава од вработениот од салонот за „навредливото однесување“ на инфлуенсерката. Во законите во Дубаи, и „викањето“ се смета за навредливо однесување и за ова може да се добие затворска казна од две години.
Таа беше уапсена во април 2023-та година, а во САД се врати дури во август.
Освен „викањето“, во Емиратите постојат и некои други банални работи што може да ве однесат во затвор. Покажувањето среден прст за време на расправија, испраќањето СМС порака со навреда или јавното пцуење често може да ве одведат во полиција – и нема да бидете свесни за тоа додека не биде предоцна.
@sasssy.trucker Truck Driving In Dubai 🚛💚#AEHolidayCard #dubai🇦🇪 #AmazonSavingSpree #cdl #trending #fyp #truckdriving #dubaitruckdrivers
♬ One Night in Dubai - Arash
Б. С. Б. | Црнобело