7 (психолошки) знаци дека сте биле емоционално запоставувани како дете
Ги сожалувате другите, но не и себеси
Дали себеси си упатувате посилни критики, отколку на своите пријатели?
Колку често ви се случува да ги слушате туѓите проблеми, а да молчите за своите?
Грижа, срам, гнев кон себе и самообвинување
Кога и да им се случи нешто негативно во животот, луѓето што биле емоционално запоставени како деца најчесто се обвинуваат себеси за сѐ.
Често тие се чувствуваат виновни затоа што имаат сопствени потреби, затоа што згрешиле нешто или, пак, затоа што имаат одредени чувства.
Се чувствувате дека нешто ви недостасува
Слично како и со чувството на празнотија, знаете дека нешто не е во ред, но не знаете што е тоа.
Често ви се случува да си повторувате: „До мене е. Мене никој не ме сака. Јас сум поразличен од другите луѓе. Сигурно нешто не е во ред со мене...“
Имате проблем со идентификување, управување и искажување на сопствените емоции
Дали ви се случува да не можете да кажете збор кога се чувствувате вознемирени? Дали ви е тешко да ги искажете сопствените емоции?
Колку често ви е тешко да разберете зошто некои луѓе (па и вие самите) реагираат на одреден начин?
Б. С. Б. | Црнобело