6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни)
Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати и не мора да работат. А, за да ги заштитат од кршење, ги прекривале со скапоцени метали и камчиња. Кои стандарди за убавина од минатото денес ни се смешни?
Секоја ера има различни стандарди за убавина. Ова не се однесува само на облеката и шминката, туку и на физичкиот изглед на жените. Некои од работите кои пред 100 години биле привлечни и посакувани, денес нам ни се смешни...
Но, има и такви кои биле модерни и во 15-тиот век, а се привлечни и денес...
Знаете ли кои биле најпопуларните стандарди за убавина во светот во изминатите векови?
Веѓи во неколку бои
Дебелината, должината, па и бојата на веѓите отсекогаш привлекувале внимание.
На пример, во античка Грција особено биле привлечни жените кои имале споени веѓи.
Некои оделе дотаму што си лепеле влакна меѓу веѓите за да делува дека тие се споени.
Но, жените во Кина отишле малку подалеку - тие создале нов тренд на веѓи во неколку бои.
Околу 2-иот и 3-иот век, секоја жена што живеела на кралскиот двор морала да има веѓи во две бои: сини и зелени.
Тие ги бричеле своите веѓи, а потоа исцртувале веѓи со мастило.
Бидејќи мастилото било скапо, тоа станало статусен симбол кој го покажувал богатството на императорот.
Високо чело
Во 14-тиот век, во времето на кралицата Елизабета од Баварија, се појавил тренд на високо чело и долг врат.
За да го копираат изгледот на кралицата, многу жени почнале да ја бричат главата и тоа во делот над челото и зад вратот, за да го издолжат визуелно.
Екстремно долги нокти
Екстремно долгите нокти во Кина биле модерни неколку века.
Причината за ова е необична - долгите нокти значеле дека нивниот сопственик не работи ништо со рацете и дека може да си дозволи да има слуги.
Во времето на династијата Чјинг, должината на ноктите кај претставниците на високата класа изнесувала до 25 сантиметри.
За да не им се кршат ноктите, тие почнале да ги „заштитуваат“ со скапоцени метали украсени со камчиња.