Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран е над 40 години
Британецот Роберт Модсли е затворен во самица над 40 години, по неколкуте свирепи убиства од кои скоро сите ги извршил додека бил зад решетки. Тој е затворен во стаклена ќелија, исто како Ханибал Лектор во The Silence of the Lambs, а поради гласините дека изел дел од мозокот на една негова жртва (кои се покажале како лажни), почнале и да го нарекуваат како познатиот фиктивен негативец.
Ханибал Лектор е можеби најпознатиот фиктивен негативец кој прво се појавува во книгите на авторот Томас Харис, а потоа и во добропознатиот Silence of The Lambs, но и уште неколку филмови и серија.
Нема личност која не ја лазат морници кога ќе помисли на злобниот канибал, но знаевте ли дека и во реалноста постои убиец кого го нарекуваат Ханибал Лектор?
Роберт Модсли се наоѓа во затвор во Англија, а поради неговите злосторства, британските медиуми почнаа да го нарекуваат и Ханибал Лектор.
Откога е затворен, тој има поминато над 16.500 денови во изолација и наводно ќе остане изолиран до крајот на неговиот живот.
Што направил Роберт и како завршил во затвор?
Роберт Џон Модсли бил роден во јуни, 1953 година во Ливерпул.
Имал 11 браќа и сестри, а најголемиот дел од детството го поминал во сиропиталиште. Со него биле уште тројца постари браќа и сестри.
Кога наполнил осум години, Роберт почнал да живее со неговите родители, но поради малтретирањето што го трпел од татко му, набрзо бил одземен од социјалните служби.
Според него, татко му дури и сексуално го малтретирал, а сето ова оставило сериозни последици врз неговото ментално здравје.
Во тинејџерските години, Роберт станал зависник од дрога, а почнал и да се проституира. По неколкуте обиди за самоубиство, бил присилен да побара психијатриска помош.
Во разговорите со професионалците, Роберт велел дека слушал гласови кои го терале да си ги убие родителите.
Убиството поради кое завршил во затвор се случило во 1974 година. Името на жртвата било Џон Фарел.
30-годишниот Џон се сретнал со Роберт со цел да има секс со него. Според тврдењата на Роберт, тој му признал дека сексуално малтретирал деца, а му покажал и фотографи од неговите жртви.
Поради ова, Роберт ладнокрвно го убил и самиот ѝ се предал на полицијата.
Бидејќи било утврдено дека Роберт е личност со сериозни психички проблеми, немало судење и тој бил испратен во болницата Бродмур – психијатриска установа со максимално обезбедување каде што се затвораат некои од најопасните криминалци во Англија.
На почетокот, Роберт не правел проблеми, но во 1977 година сторил уште едно злосторство.
Роберт и уште еден затвореник се забарикадирале во една од келиите, заедно со трет затвореник кој бил педофил.
Тие го измачувале педофилот на суров начин, а додека полицијата да успее да влезе во ќелијата, тој веќе бил мртов.