Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rangers“
Ерик Френк, кој го глумеше Дејвид Трухарт, почина на 29-годишна возраст од непозната болест.
Рикардо Рабаго кој го глумеше мајсторот Ли почина од природна смрт, а Морис Мендоза кој го глумеше ликот на Ричи почина на 39-годишна возраст, од непознати причини.
За жал, и актерите кои имаа помали улоги во серијата не поминале подобро, вклучувајќи ја и Алиса Ен Смего која ја играше Шауна.
Алиса изврши самоубиство.
Актерот Остин Сент Џон, познат по улогата на првиот Црвен ренџер во серијата, беше уапсен заедно со уште 17 други осомничени за измама за која наводно добиле 3,5 милиони долари.
Сент Џон, пак, чие вистинско име е Џејсон Лоренс Гајгер, беше приведен и обвинет за заговор.
Доколку беше прогласен за виновен, ќе добиеше затворска казна од 20 години.
Меѓу тимот во серијата има и убијци.
Рикардо Медина Џуниор, кој го глумеше ликот на Кол Еванс во околу 40 епизоди, го убил својот цимер со меч и тврдел дека тоа го направил во самоодбрана.
Скајлар Делеон, кој како дете имаше мала улога во серијата, кога пораснал се претворил во психопат кој убил пар додека се преправал дека сака да им ја купи јахтата. Ги врзал за сидрото и ги фрлил во морето.
Подоцна признал уште едно убиство и бил осуден на смрт.
Дејвид Јост, актерот кој го глумеше оригиналниот Син ренџер, откри дека размислувал за самоубиство затоа што бил малтретиран од екипата на серијата.
Целата своја енергија ја посветил на кариерата и бил пресреќен кога одел на аудиција за улогата на Бил Кренстон, Синиот ренџер.
Иако серијата набрзо стана вистински хит, холивудските соништа на Дејвид набрзо се претвориле во ноќна мора.
Како што растела популарноста на серијата, во Холивуд сè повеќе почнале да кружат гласини за сексуалноста на Дејвид, а на крајот целата екипа од серијата почнала да го малтретира и да го нарекува со погрдни имиња.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм