За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија
Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај нас (и можете да им ги дадете на своите деца)?
Кога родителите одбираат име за своето бебе, најчесто сакаат тоа да има некакво значење што им се допаѓа или е блиско до нив, но и име кои крие интересна приказна, а која потоа ќе можат да ја раскажуваат на своите ќерки и синови.
Едни од имињата кои се популарни и денес се кралските имиња кои совршено ќе му стојат на вашето дете.
Па, ако чекате бебе, а сè уште не знаете какво име би му дале, погледнете кои се најпопуларните кралски имиња кои се користат и денес.
Имиња за момчиња:
Давид
Во превод ова име значи „сакан“. Има хебрејско потекло и е вообичаено име кое им се дава на машките деца во некои европски кралски семејства.
Александар
Потекнува од грчките зборови „алексин“ (човек) и „андрос“ (штити), и во буквален превод значи бранител на народот. Ова име и денес е меѓу омилените на Балканот и во Европа.
Адријан
Иако не е многу често, името Адријан е едно од најпопуларните кралски имиња за момчиња. Неговото значење е „човек од регионот на Адрија“, а низ вековите го носеле благородници, цареви и папи.