Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои бои ќе ви донесат среќа и пари во 2024-та година, според Фенг шуи?

Која боја треба да доминира во вашата облека и во уредувањето на домот за 2024-та да ви биде среќна и просперитетна? Во која боја треба да ви биде и паричникот за да имате повеќе пари?

Koi-boi-kje-vi-donesat-srekja-i-pari-vo2024-ta-godina-spored-Feng-Shui-01.jpg

Според кинескиот хороскоп, секоја година е поврзана со одреден хороскопски знак и елемент, па така 2024-та година ќе биде Годината на Дрвениот Змеј и со себе овој знак ќе ја донесе својата единствена енергија и симболизам.

Согласно на ова, Фенг шуи експертите секоја година утврдуваат бои кои се смета дека носат среќа и позитивна енергија во нашите живот, па потребно е што е можно повеќе да ги внесувате во уредувањето на домот, во облекувањето и секојдневниот живот за да имате поголема среќа и просперитет.

koi-boi-kje-vi-donesat-srekja-i-pari-vo-2024-ta-godina-spored-feng-shui-04.jpg

Бојата што во 2024-та година ќе ви донесе најмногу среќа е темнозелена, како на зимзелените дрвја.

Со оглед на тоа што ова е боја што е застапена со дрвјата во природата, се смета дека таа е бојата на Дрвениот Змеј и промовира хармонија, стабилност и баланс.

koi-boi-kje-vi-donesat-srekja-i-pari-vo-2024-ta-godina-spored-feng-shui-03.jpg

Оваа боја се поврзува со убавината на природата и симболизира раст, обнова и заживување, па ако ја вметнете во вашите животи, тоа значи дека ќе си создадете можност за личен развој и трансформација.

Освен зелената, годинава среќа ќе ни носат и златните тонови, но и смелата црвена боја.

Златната боја во кинеската традиција се смета дека носи оптимизам и просперитет, а црвената во Кина е среќна боја која носи позитивна енергија и страст, како и поголема мотивација и ентузијазам.

koi-boi-kje-vi-donesat-srekja-i-pari-vo-2024-ta-godina-spored-feng-shui-05.jpg

Изборот на овие бои во облеката ќе ви помогне да имате поголема самодоверба и да привлечете повеќе можности за заработка.

koi-boi-kje-vi-donesat-srekja-i-pari-vo-2024-ta-godina-spored-feng-shui-10.jpg

Внесувањето декорации во овие бои во домот ќе ви донесе повеќе просперитет и напредок, а Фенг шуи експертите препорачуваат истите бои да се користат и при изборот на папки и други канцелариски материјали за да имате поголем напредок.

Изборот на бојата на паричникот треба да биде во зависност од тоа што сакате да го постигнете:

  • Зелениот паричник ќе ви донесе повеќе пари;
  • Златниот паричник ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата и посмело да се справувате со прашањата поврзани со финансиите;
  • Црвениот паричник ќе ви помогне да бидете помотивирани и постраствени во вашите обиди за финансиски успех.

koi-boi-kje-vi-donesat-srekja-i-pari-vo-2024-ta-godina-spored-feng-shui-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg