Најопасните аеродроми во светот - Предизвик се и за најискусните пилоти
Аеродром Кристијано Роналдо, Мадеира, Португалија
Овој аеродром е изграден во 1973 година. Островот Мадеира е толку мал, што пистата на аеродромот e проширена над морето. За ова проширување биле изградени 180 столбови, кои ја држат над водата.
Силните ветрови на островот, како и самата големина на пистата, го прават управувањето со авионот доста сложено. Всушност, сите кои се задолжени за полетување или слетување на овој аеродром мора да поминат специјална обука.
Аеродром Конгохас, Сао Паоло, Бразил
Овој аеродром е изграден во 1936 година, а главниот проблем е тоа што е опкружен со згради. Поради ова, пилотите да треба да бидат особено внимателни за време на полетувањето и слетувањето.
За жал, на аеродромот се случиле неколку несреќи, од кои последната во 2007-ма, по што властите одлучиле да го затворат.
Аеродром на островот Саба
Овој аеродром е изграден во 1963 година и е познат по тоа што ја има најкратката писта во светот која изнесува само 396 метри.
Покрај тоа што должината ги отежнува полетувањето и слетувањето, аеродромот се наоѓа на работ од карпа, а тоа значи дека секоја грешка во пресметките, лесно може да биде со катастрофални последици.
Аеродром Гибралтар, Обединетото Кралство
Овој аеродром е изграден во 1939 година, а неговата писта се соединува со патот, и тоа на исто ниво.
Кога авионот е блиску, сообраќајот на автопатот запира за да му отстапи место. Тоа значи дека секоја сообраќајна несреќа може да влијае на полетувањето или слетувањето на авионите.
Меѓународен аеродром Дамаск, Сирија
Овој аеродром е изграден во 1970 година, се наоѓа во главниот град на Сирија и има најмногу сообраќај во земјата.
Но, поради војната во Сирија која беснее една деценија, аеродромот во одредени периоди функционира нередовно.
М. Ѓ | Црнобело
Би можело да ве интересира:





