4 необични идеи за дочек на Нова година
Сезоната на празници е во ек. Покрај тоа што од дочекот на Нова година се очекува да биде поинаков, се очекува да биде и поинтересен.
Еве неколку интересни идеи:
Детски дочек
Ако имате деца повикајте ги другарчињата на вашите деца и нивните родители, па гледајте цртани филмови. Подгответе грицки, опуштете се и уживајте. Нека лежат сите на подот, перничињата и кебињата. За децата отворете посебен детски шампањ, а немојте да пропуштите да организирате и огномет на полноќ.
Снежен пикник
Ако времето за дочек на Новата година биде снежно, организирајте пикник. Подгответе топла чорба или пилешка супа, направете топли сендвичи, сварете вино и топло чоколадо и ставете ги во термоси. Послужувањето ќе биде соодветно, а вие ќе можете да уживате на снегот и да се забавувате со разни игри.
Свечена вечера
Ако сте традиционални, секогаш можете да подготвите свечена новогодишна вечера со многу салати и месо. И секако колачи и пијалак. Јадењата задолжително сервирајте ги со посебен прибор за јадење - тоа ќе ја збогати свечената атмосфера и ќе даде тон на прославата.
Новогодишен ден
Не мечтаете за луд новогодишен провод, но размислувате да поминете убав новогодишен ден. Подгответе мирисно пециво, испечете леб, парчиња сланина, послужете необично сирење, некој намаз и повикајте пријатели или роднини на дружење. Бидете сите весели и без елегантен и луксузен код на облекување.