Чекор по чекор: Направете лампи од тикви за Halloween (без да се повредите)
Користете притискачи за ѕид за да си ја олесните работата. Кога го правите дизајнот, засекувајте со мал кујнски нож (по можност назабен)... Како сами да направите лампа од тиква за Halloween?
Во последните неколку години американскиот празник Halloween станува доста популарен и кај нас, а најмалите, најчесто под влијание на цртаните филмови на Јутуб бараат да направиме лампи од тиква.
Лампите од тиква со застрашувачки лица првично биле правени на Halloween, (Ноќта на вештерките) во Ирска во периодот на 17-иот век, а потоа со првите имигранти биле пренесени и на територијата на САД.
Во Ирскиот фолклор овие лампи се поврзуваат со ликот на Скржавиот Џек (Stingy Jack) кој направил договор со ѓаволот, а на крај бил проколнат да шета по светот со издлабена репка за да му го осветли патот.
Оттука, во англиското говорно подрачје овие лампи уште и се нарекуваат Jack O’ Lantern, а традиционално секоја година, за Ноќта на вештерките (31.10) се длабат вакви тикви и се распоредуваат пред домовите.
Во продолжение идвојуваме неколку совети што ќе ви помогнат полесно да ја издлабите лампата од тиква, а дополнително ќе издвоиме и неколку видеа што може да ви дадат идеи:
Како да направите лампа од тиква?
Кога купувате тиква, изберете ја онаа со најмазна површина, на која нема дамки или оштетувања.
Со остар нож, под агол, засечете го горниот дел од тиквата. Запомнете, треба да исечете кружна форма, која ќе се спојува во средината, каде што тиквата е шуплива (и немојте да брзате)
Со обична лажица или лажица за сладолед, издлабете ја средината и исчистете ја тиквата од семки.
На лист хартија нацртајте го дизајнот што сакате да го издлабите на тиквата и залепете го на површината. Ако се чувствувате сигурни во вашите вештини за цртање, можете да го нацртате директно на тиквата.
За да си ја олесните работата, можете со притискач за ѕид да направите дупчиња на деловите што треба да ги засечете.
Деловите што се засекуваат отстранете ги со мал кујнски нож (по можност назабен).
Кога ќе завршите со дизајнот исчистете го вишокот семки од внатре или парчињата од тиквата и ставете свеќа или лед светилки, за побезбедно решение.
Видео упатство:
@treehugger Use these tips to carve a simple Jack-o'-lantern for Halloween. #howto #carve #pumkpin #jackolantern #🎃🎃🎃🎃🎃 #carvingpumpkins🎃 #fyp #pumpkincarving #carvingpumpkin #pumpkincarver #jackolanterns
♬ original sound - Treehugger
Бонус упатство:
Доколу не сакате класичен дизајн на тиква со застрашувачки лик, можете да искористите метални калапи за капачиња и гумен чекан за да направите различни отвори на тиквата.
Видео упатство:
@funartdiys Quick and easy way to carve a pumpkin. Super cute fall craft idea. Credits: @Keisha Motherhood #diy #diyproject #diyideas #spookycrafts #fallcrafts #crafts #pumpkinseason #pumpkin #pumpkincarving #TheWatchers #creatorsearchinsights
♬ The Watchers - Jagwar Twin
@mik.zenon Pumpkin carving hack 👏🎃 #halloween #halloweendecor #falldecor #pumpkinseason #pumpkin
♬ original sound - Mik Zenon
Б. С. Б. | Црнобело / фото: pexels.com