5 сигурни знаци дека сте соочени со емоционална блокада

Емоционалната блокада може да направи да се чувствувате „заглавено“, па одново и одново да ги повторувате истите грешки, дури и кога го знаете исходот.

5-sigurni-znaci-deka-ste-soocheni-so-emocionalna-blokada-01.jpg

Емоционалната блокада е како одбранбен механизам со кој мислите дека ќе се заштитите од лошите емоции, но долгорочно може само да ви предизвика проблеми.

Кога ќе станете свесни за знаците кои укажуваат дека премногу ги потиснувате емоциите, тогаш ќе знаете и на што треба да работите.

Пет сигурни знаци дека ги потиснувате чувствата и се соочувате со емоционална блокада:

Постојано завршувате со луѓе кои се погрешни за вас

Дали сте забележале дека ве привлекуваат луѓе кои се емоционално недостапни?

Можеби сте имале неколку неуспешни врски со партнери кои или не биле подготвени за нешто сериозно, или не ве третирале добро.

Од друга страна, како да ги избегнувате луѓето кои знаете дека ќе ви го дадат она што ви треба.

Ако си ја саботирате среќата во љубовта на овој начин, вие потсвесно знаете дека овие врски нема да функционираат.

И, ова ви е позната територија, бидејќи веќе сте биле со лоши партнери, па колку и да звучи контрадикторно, поудобно ви е вака и мислите дека имате некаква контрола.

5-sigurni-znaci-deka-ste-soocheni-so-emocionalna-blokada-02.jpg

Ги повторувате истите грешки

Сите ние грешиме и од секоја грешка треба да научиме и лекција.

Но, дали одново и одново ги правите истите грешки, дури и кога сте свесни за исходот?

Ова секако дека ќе ве фрустрира, а многу често е знак дека треба да поработите повеќе на емоционалната благосостојба.

Кога ќе најдете добар партнер, го „распнувате“

Ако конечно излезете со добра личност, постојано барате начин да почнете караница. Ѝ замерувате за секоја ситница, се однесувате дрско…

Сето ова потекнува од страв од ранливост и интимност, па со ваквото однесување пробувате да држите дистанца.

Не сте свои

Дали сте забележале дека сè почесто се преправате во некоја друга личност кога сте опкружени со луѓе?

Кога имате емоционална блокада, може да биде навистина тешко да бидете свои.

Можеби ви е страв дека ќе бидете повредени или дека нема да бидете доволно добри.

Па, пробувате да се претворите во некоја друга личност.

Но, ова не ви е од помош и само ве оддалечува од луѓето.

5-sigurni-znaci-deka-ste-soocheni-so-emocionalna-blokada03.jpg

Имате ниска самодоверба

Ниската самодоверба има огромно влијание врз емоционалната состојба.

Ако самите не верувате дека заслужувате љубов, ќе ви биде тешко да прифатите дека навистина постојат луѓе кои се грижат за вас.

Поради ова, пак, ќе почнете да ги саботирате вашите врски и да ги храните негативните мисли.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg