Факти за најозлогласениот убиец од Србија: Имал тешко детство првото злосторство го извршил на само 15 години
Миодраг Столе Трифуновиќ е познат како „српскиот Џек Мевосек“ поради неговите грозоморни убиства. Тој чувствувал презир кон жените, па најчесто тие биле негови жртви и се претпоставува дека е одговорен за над 60 убиства.
Белградскиот фантом Миодраг Столе Трифуновиќ го зазема неславното прво место помеѓу криминалците на овие простори, затоа што се верува дека убил над шеесет жртви меѓу кои имало и мажи и жени.
Тој бил роден во Ниш, во многу проблематично семејство. Неговиот татко имал позната продавница за чевли, но бил алкохоличар кој ги малтретирал сопругата и синот.
Првото злосторство го направил на негови 15 години
Татко му на Столе бил голем алкохоличар кој во куќата редовно носел проститутки, кои го задоволувале пред неговиот син и сопругата.
Според српските медиуми, сето тоа придонело кај тогаш малиот Миодраг уште во најраното детство да се создаде голема омраза кон жените.
Според досиејата за случајот на најбруталниот убиец на територијата на поранешна Југославија, тој своите адолесцентски денови ги минал фантазирајќи за убивање жени.
Своето прво злосторство го направил во Мерошина, недалеку од Ниш, градот каде што е роден, и на свои 15 години силувал девојче од 12 години.
Бидејќи мајката на Трифуновиќ се развела од неговиот татко, тие се преселиле во Белград, каде што тој почнал да ги остварува своите фантазии.
Се наведува дека неговата прва жртва е убиена во 1948 година, на улица во Белград, каде било пронајдено тело на задавена и силувана жена со искината гардероба.
Покрај проститутките, на мета на „српскиот Џек Мевосек“ биле и љубовни парови. Наводно, тој најпрво ги онесвестувал мажите со разни предмети, а потоа ги силувал и ги убивал жените.
Интересно е да се спомене тоа што тој ја обожавал прозата на Оноре де Балзак, уште за време на школувањето собирал сè што било објавено на српски јазик за Џек Мевосек, а многу се восхитувал на неговата сила, интелигенција и двојниот живот кој го водел.
Тогаш решил да го надмине својот идол, а како што се докажало и подоцна – веројатно успеал во тоа.
Интересен е и начинот на кој Трифуновиќ стапувал во контакт со потенцијалните жртви. Тој им приоѓал на девојките и жените со тажна приказна за болната сопруга која останала сама дома и ѝ е потребна помош.
Наивни, особено помладите, брзо паѓале на вешто поставената стапица.
Како бил уапсен Столе?
Тој никогаш не оставал докази, а го нарекувале и човек со многу лица затоа што во текот на денот бил угледен граѓанин кој работел на градилиште, а ноќе, во својот бизарен аутфит, ги правел најлошите можни злосторства кои се паметат со години.
Овој монструм конечно бил уапсен, но не за убиства. Тој запалил кафеана, а на канистерот му биле пронајдени отпечатоци. Трифуновиќ си пресудил сам себеси во затвор, наводно забивајќи си една шипка во устата, а друга директно во срцето.
Тој ќе остане запаметен како најбруталниот сериски убиец во Југославија.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com