15 екстремно скапи работи во Дубаи, кои (најверојатно) можете да ги видите само таму
Позлатени автомобили, роботски трки со камили и „банкомати“ за злато – во Дубаи можете да ги најдете најлудите работи кои чинат цело богатство.
За повеќето, Дубаи е дестинација која асоцира на луксуз и раскош, и тоа со многу добра причина.
Луксузните хотели, раскошните трговски центри, но и бројните богаташи кои живеат и го посетуваат градот се должни за репутацијата на Дубаи.
Екстремно скапи работи што најверојатно можете да ги видите само во Дубаи:
Автомобили кои можат да се движат и по вода
Автомобилите ги произведува американска компанија која е популарна во Дубаи, а нивната цена се движи од околу 130.000 до 145.000 евра.
Подводни хотели
Луксузните хотели не се ништо ново во Дубаи, а за оние подводните цената е околу 5.800 евра од ноќ.
Роботски трки со камили
Со цел да не се користат деца за трките со камили, сега во Дубаи тркачите се всушност роботи. Цената на тркачка камила може да достигне и 200.000 евра, додека роботите можат да се купат по цена од околу 600 евра.
Трансфер на автомобили со хеликоптер
Најбогатите луѓе во Дубаи честопати користат хеликоптери за транспорт на нивните скапи автомобили. Не е позната цената на оваа услуга, но ако најмите хеликоптер како такси, тоа ќе ве чини околу 150 евра.
Луксузни полициски автомобили
Полицајците во Дубаи возат луксузни автомобили, како Lamborhini, а нивната цена може да достигне и половина милион евра.