15 екстремно скапи работи во Дубаи, кои (најверојатно) можете да ги видите само таму
Вештачки острови
Препознатливите вештачки острови во Дубаи се екстремно скап проект за кој се одвоени над 12 милијарди евра.
Скијање на затворено
Во Дубаи има трговски центар кој нуди скијање на затворено, а цената за еднодневен билет е околу 80 евра.
Скапи амбулантни возила
Покрај полицијата, и болниците се опремени со луксузни автомобили кои можат да чинат и над 200.000 евра.
Авионски летови за соколи
Чувањето сокол е како статусен симбол за богаташите во Дубаи. Кога сопствениците на овие птици треба да ги пренесат некаде, тие не ги затвораат во кафези во авионот и за ова плаќаат од 50.000 до околу 100.000 евра.
Дијамантски автомобили
Веќе е јасно дека богаташите сакаат да ја покажат својата моќ на секој можен начин, а овде спаѓаат и дијамантските автомобил. Еден богаташ има дијамантски Mercedes за кој наводно платил скоро 5 милиони евра.