15 екстремно скапи работи во Дубаи, кои (најверојатно) можете да ги видите само таму
„Банкомати“ за злато
Од овие автомати можете да си купите разни предмети изработени од 24-каратно злато, како парички и плочки. Цената на овие предмети варира во зависност од нивната тежина.
Позлатени автомобили
Покрај дијамантските, низ Дубаи можете да видите и позлатени автомобили. Еден од попознатите вакви автомобили е Jeep Grand Cherokee чија цена се проценува на половина милион евра.
Тениски терени на облакодери
Речиси на врвот на Бурџ Халифа, се наоѓа највисокото тениско игралиште. За да го користите, треба да отседнувате во хотелот каде една ноќ може да чини и до 30.000 евра.
Златни десерти
Во луксузните ресторани во Дубаи можете да најдете и десерти кои содржат вистинско злато. Во просек, цената на овие десерти е околу 1.000 евра.
Третмани за лице со злато
Покрај другите златни работи, во Дубаи можете да направите третман за лице со злато кој ќе ве чини над 6.500 евра. Секако, во цената се вклучени и други услуги кои наводно нудат целосна релаксација.
Спирова С. | Црнобело