Како настанале познатите суеверија?
Суеверијата се пренесуваат од генерации на генерации. А, како започнале овие верувања сигурно не сте размислувале никогаш до сега.
На кратко ви објаснуваме за најпознатите суеверија:
1. Отворање чадор во затворен простор носи несреќа.
Повеќето експерти сметаа дека ова верување потекнува од времето на викторијанскиот период во Англија во 18 век. Имено, во ова доба чадорите прв пат влегле во мода и почнале да стануваат нормална глетка во дождливите денови.
Од друга страна во 18 век чадорите биле многу поинакви и гломазни па постоела можност да повредите некого додека го отворате или затворате, особено децата.
Бидејќи не постоела законска или друга норма со која би се спречило ова, со време се создало суеверието дека отворањето на чадор во затворен простор носи несреќа.
2. Скршено огледало – 7 години несреќа.
Во времето на античка Грција, постоеле многу мудреци кои ја предвидувале иднината со помош на нечиј одраз во водата.
Ова гатање се изведувало така што стакло се ставало во вода, а на личноста и се вели да погледне во стаклото. Ако нејзиниот одраз е искривен, тоа бил јасен знак дека ќе умре наскоро. Ако одразот бил правилен, тоа значело долг живот.
Римјаните на целата оваа приказна и додале уште една димензија. Имено, во ова време се сметало дека човековото здравје се менува во правилни седмогодишни циклуси. Искривениот одраз како резултат на скршено огледало се сметала за знак дека на личноста и претстојат 7 години болести и несреќа.
3. Чукни во дрво.
Некои сметаат дека корените на ритуалот за чукање во дрво потекнуваат од древниот религиски ритуал каде личностите го допираат дрвото додека го кажуваат заветот.
Други, пак сметаат дека потекнува од предхристијанските времиња во Европа кога селаните гласно чукале во дрвата за да ги исплашат злите духови.
4. Кога црна мачка ќе ви го пресече патот.
Древните Египќани ги обожавале сите мачки, меѓу нив и оние црните. Од оваа земја потекнува верувањето дека црната мачка кога ќе ви пресече патот е знак за добра среќа.
Нивната добра репутација продолжила и многу подоцна. Во Англија во 17 век, кралот Чарлс имал црна мачка за милениче, но откако загинала тој постојано тврдел дека дошол крајот на неговата среќа во животот.
Интересно, веќе следниот ден тој бил уапсен и обвинет за предавство. Од друга страна, луѓето на средновековна Европа, ја сместувале мачката во лоши суштестава и преправени вештерки, а мачката кога ќе ви го пресече патот е сигурен знак дека ве набљудува злото.
5. Несреќниот број 13.
Стравот од бројот 13 се нарекува трискаидекафобија и своето потекло го носи од старонордиската митологија.
Во една од најпознатите приказни, 12 богови биле повикани на ручек во Валхал, во величенствена сала во Асгард, градот на боговите. Локи, богот на злото, се налутил затоа што не бил повикан, но се одлучил да отиде и да им ја расипе забавата на сите (тој бил 13тиот).
Останатите богови се обиделе да го избркаат, заради што настанала жестока расправија во која загинал богот Балдер, најомилениот меѓу сите.
Со тек на време се појавила омразата кон бројот 13 низ скандинавските земји и цела Европа, а целиот мит го поткрепила и библиската приказна за Последната вечера, после која Јуда, 13тиот гостин на масата, го издава Исус.
Интересно, многумина и денес го избегнуваат овој број – на пример, некои облакодери во Њујорк немаат 13ти спрат. Сепак, никој не успеал да докаже дека бројот 13 статистички отскокнува од било кој друг број.