Џефри Дамер собирал мртви животни, Тед Банди поставувал стапици: Какво детство имале познатите сериски убијци?

Тед Банди, еден од најпознатите сериски убијци, бил самотник. Не излегувал со девојки и често ги манипулирал своите врсници. Притоа, во шумата околу неговата куќа поставувал стапици – остри колци прикриени со лисја – а на една од стапиците девојче сериозно си ја повредило ногата.

dzhefri-damer-sobiral-mrtvi-zhivotni-ted-bandi-postavuval-stapici-kakvo-detstvo-imale-poznatite-seriski-ubijci-01.jpg

Се претпоставува дека детството на сериските убијци има огромно влијание врз нивниот понатамошен живот.

Повеќето сериски убијци имале тешко детство и потекнувале од дисфункционално семејство, а добро познат факт е дека растењето во ваква околина може да има сериозни последици.

Психолозите уште трагаат по одговорот на прашањето дали убијците се раѓаат или се резултат на околностите во коишто пораснале. Но, детствата на најпознатите сериски убијци можеби донекаде го одговараат прашањето.

Какво детство имале познатите сериски убијци?

Тед Банди

Тед Банди е можеби најпознатиот сериски убиец кој е одговорен за силувањето и смртта на бројни млади жени.

Не е познато колку точно жртви имал, но самиот има изјавено дека во периодот од 1974 до 1978 година убил 30 жени.

Тој добил смртна казна и бил егзекутиран во 1989 година.

Тед бил роден во 1946 година. Неговата мајка – Луис Ковел – и неговиот татко не биле во брак. Срамејќи се бидејќи родила дете во ваква ситуација, мајка му лажела дека тој ѝ е брат.

Не е познато кој е таткото на Тед, но според изјави на мајка му, тој бил воен ветеран кој ја оставил штом останала бремена.

dzhefri-damer-sobiral-mrtvi-zhivotni-ted-bandi-postavuval-stapici-kakvo-detstvo-imale-poznatite-seriski-ubijci-02.jpg

Според психолози кои го проучувале убиецот, најверојатно ова имало огромно негативно влијание врз него. Се претпоставува дека Тед ја дознал вистината во 1969 година и целиот живот чувствувал презир кон мајка му.

Но, уште во детството, Тед покажувал вознемирувачко однесување. Тој имал и проблеми со говорот, поради што често бил исмејуван од врсниците и не се вклопувал во друштвото.

Според луѓе кои го познавале, Тед сакал да ги плаши другите. Истовремено, честопати поставувал стапици во шумата околу соседството во коешто живеел.

Овие стапици претставувале остри дрвени колци кои Тед ги криел со лисја. Едно девојче дури и паднало врз ваква стапица и сериозно си ја повредило ногата.

Тед бил самотник и во средношколските денови. Не излегувал со девојки и притоа честопати ги манипулирал врсниците.

dzhefri-damer-sobiral-mrtvi-zhivotni-ted-bandi-postavuval-stapici-kakvo-detstvo-imale-poznatite-seriski-ubijci-03.jpg

Џефри Дамер

Убиствата на Џефри Дамер се ништо помалку од грозни.

Тој убил 17 мажи и момчиња во периодот од 1978 до 1991 година на кои им ги сечел телата, па дури и јадел делови од нив.

Бил осуден на доживотна казна затвор, а бил убиен во 1994 година од друг затвореник.

Џефри потекнувал од дисфункционално семејство и се верува дека ова имало влијание врз неговиот подоцнежен живот.

dzhefri-damer-sobiral-mrtvi-zhivotni-ted-bandi-postavuval-stapici-kakvo-detstvo-imale-poznatite-seriski-ubijci-04.jpg

Се претпоставува дека бил целосно запоставен од родителите, додека мајка му имала депресија, а пробала и да изврши самоубиство.

Уште во детството, тој бил фасциниран од коски и мртви животни.

Според мемоарите на неговиот татко, кога Џефри имал четири години, во дупка под нивната куќа криел тела на животни.

До 14-годишна возраст, тој развил и проблеми со алкохолизам.

dzhefri-damer-sobiral-mrtvi-zhivotni-ted-bandi-postavuval-stapici-kakvo-detstvo-imale-poznatite-seriski-ubijci-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg