Како да измерите нешто, кога при рака немате линијар или метро?
Со вашите дланки и прсти, но и користејќи ги димензиите на банкнотите – постојат трикови со кои ќе можете да измерете димензии на нешто, без линијар или метро.
На повеќето луѓе ретко им треба да измерат нешто, но сите сме биле во ситуација кога сепак требало да измериме нешто, а при рака сме немале линијар или метро.
Но, знаевте ли дека постојат трикови кои можат да ви помогнат во ова?
Секако, мерењето со овие трикови можеби нема да биде многу прецизно, но ќе ви даде некаква претстава за димензиите.
Пет трикови за мерење без метро:
Со дланките и рацете
Должината на рацете и прстите е различна кај секого, но постои некој просек кој можете да го искористите за мерење.
- Околу 2,5cm – должината од врвот на прстот до првиот зглоб.
- Околу 5cm – должината на палецот
- Околу 10cm – широчина на тупаница
- Околу 15cm – растојанието од врвот на палецот до врвот на показалецот кога ги држите во форма на латинската буква L.
- Околу 23cm – должината од врвот на палецот до врвот на малиот прст кога ги држите како на илустрацијата подолу.
- Околу 46cm – должината на раката од лактот до врвот на средниот прст.
Со банкноти
Можете да ги искористите и македонските банкноти и монети.
Нивните димензии се следни:
- Монета од 1 денар – 23,8 mm (дијаметар)
- Монета од 2 денари – 25,5 mm (дијаметар)
- Монета од 5 денари – 27,5 mm (дијаметар)
- Монета од 10 денари – 24,5 mm (дијаметар)
- Монета од 50 денари – 26,5 mm (дијаметар)
- Банкнота од 10 денари – 126 mm x 63 mm
- Банкнота од 50 денари – 129 mm x 63 mm
- Банкнота од 100 денари – 146 mm х 70 mm
Банкарски картички
Банкарските картички имаат исти димензии, без разлика од која банка сте ги подигнале.
Нивната ширина е 8,5 сантиметри, додека висината – 5,4 сантиметри.
Хартија од А4 формат
А4 е најкористениот формат, па и на работа, но и дома, сигурно имате по некој лист.
Димензиите на овој формат се 21cm x 27,9cm.
Со апликација за смартфон
Во ерата на технологијата, секако дека има апликација со која можете да мерите димензии. Овие апликации ја користат камерата на смартфонот.
Ако имате iPhone, можете да ја искористите The Measure app која е вградена во самиот уред.
Доколку имате смартфон со оперативен систем Android, можете да симнете некоја од многуте апликации за мерење од Google Play, како AR Ruler App.
Спирова С. | Црнобело