8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив)
Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или, да ги свариме јајцата без да пукнат? Постојат неколку едноставни трикови кои (најверојатно) не сте ги знаеле, а ќе ви бидат од полза и во кујната, но и во животот...
Често трошиме многу време и енергија на работи кои, реално, може да ги завршиме поефикасно ако само знаеме како.
Како да го исчистиме блендерот без да го миеме со сунѓерче? Или, да не ни паднат лушпите од јајца во јајцето, откако ќе го скршиме?
Прочитајте ги следниве трикови кои ќе ви го олеснат секојдневието – некои од нив потоа сигурно ќе ги споделите и со вашите пријатели:
1. Валканите алишта во различни бои (бели, шарени, црни), наместо во корпата за облека, поделете ги во различни кутии или корпи. На овој начин, следниот пат кога ќе ја вклучите машината нема да заборавите ништо.
2. За јајцата да не ви се кршат при варење, внимателно ставајте ги во садот со вода, но, оставете и доволно простор меѓу нив. Јајцата кои се допираат се кршат полесно.
3. Кога одите во ресторан, измијте ги рацете откако ќе нарачате. Менијата за храна и пијалаци се вистински извор на бактерии бидејќи сите ги допираат, па затоа е препорачливо да ги измиете рацете дури откако ќе го разгледате менито и ќе го оставите.
4. Најмалите дупки од рендето понекогаш ги користиме за да ја изрендаме ситно кората од лимонот или за рендање на морското оревче. Но, дали сте се обиделе со оваа страна од рендето да ја исчистите рибата од крлушки? Пробајте следниот пат кога ќе подготвувате риба и ќе видите колку брзо и едноставно ќе завршите сè.
5. Кога подгревате храна во микробранова печка, никогаш не ја ставајте температурата на најјако бидејќи така ќе ја загреете само надворешноста, а внатрешноста ќе остане студена. Наместо тоа, оставете ја храната да се грее подолго на умерена температура за да се загрее целосно.
6. Откако ќе го употребите блендерот, наместо да го миете рачно со сунѓер, ставете малку средство за миење садови и топла вода внатре и оставете го да работи неколку минути. Ќе заштедите време.
7. Jајцето никогаш не го кршете од работ на чинијата во која ќе го ставате, бидејќи така најверојатно ќе ви паднат лушпи внатре. И, потоа ќе се мачите да ги извадите ситните парченца од садот, додека тие упорно се лизгаат внатре. Наместо тоа кршете јајце со јајце или од некоја рамна површина. Но, ако веќе ви паднат парченца лушпи во садот, полесно ќе ги извадите со лушпата од јајцето отколку со рака или со лажица.
8. Ако носите бели маички или кошули, заборавете на белиот градник. Наместо тоа, купете крем градник, чија боја е послична на бојата на вашата кожа, и нема да се забележува под облеката.
А. Ј. | Црнобело