Фрлаат бебиња од кров, жените ги венчаваат со бикови: Морничави индиски ритуали кои го згрозуваат светот

Женските деца се сметаат за товар, па често и се убиваат додека се бебиња, се склучуваат бракови меѓу деца, бебињата се фрлаат од кров за среќа, а за зачувување на честа може и да се убие, се дел од ритуалите и обичаите во делови од Индија од кои светот се згрозува.

frlaat-bebinja-od-krov-ili-zivi-gi-zakopuvaat-zenite-gi-vencaat-so-bikovi-indiski-rituali-koi-go-zgrozuvaat-svetot-01.jpg

Индија е земја која е богата со различни култури, религии и обичаи. 

Тоа е земја на веселби и традиции, а луѓето се воодушевуваат од шарените и раскошни прослави.

Богатата култура остава голем впечаток кај туристите, а разноликоста на луѓето и обичаите ја прават место со фасцинантни откритија и искуства.

Многу од нивните обичаи и ритуали делуваат шокантно за светот, но мора да се напомене дека сѐ поголем број жители ги отфрлаат и не ги применуваат.

Ова се дел од нив:

Договорен брак

Договорените бракови започнале да се применуваат во 18 век, но во светот повеќе не се пракса. Сепак, во Индија и понатаму се дел од традицијата.

Наместо луѓето сами да ги избираат своите животни партнери, тоа за нив го прават нивните родители, далечни роднини, пријатели на роднини и слично.

Класата, религијата, племенската припадност, хороскопот и слични фактори често играат клучна улога во овој процес. 

Врз основа на овие критериуми, трето лице, обично од семејството или посредник, сигурно ќе ви го најде совршениот партнер. 

frlaat-bebinja-od-krov-ili-zivi-gi-zakopuvaat-zenite-gi-vencaat-so-bikovi-indiski-rituali-koi-go-zgrozuvaat-svetot-10.jpg

Убиство од чест

Убиството од чест е еден од најшокантните ритуали во Индија и ги одразува длабоко вкоренетите општествени норми и традиции кои често се судираат со модерните вредности. 

За Индијците бракот не е само заедница на две лица, туку и заедница на две семејства. 

Ова игра клучна улога во индиското општество.

Посебно внимание се посветува на тоа едно лице да се венча со некој од неговата каста, заедница, религија и социјален статус. 

Во случај некој член од семејство да ги прекрши правилата и прописите или да донесе срам за семејството или заедницата, семејството може да преземе екстремни мерки. 

Ова може да вклучува одрекување од тој член и отфрлање од семејството, а во екстремни случаи дури и убиство на тој што донел срам.

Оваа практика е нелегална и контроверзна, но за жал, таа сè уште се применува во руралните делови на Индија.

 frlaat-bebinja-od-krov-ili-zivi-gi-zakopuvaat-zenite-gi-vencaat-so-bikovi-indiski-rituali-koi-go-zgrozuvaat-svetot-04.jpg

Чедоморство

Со оглед на тоа што многу семејства се под притисок да дадат голем мираз, не е ни чудо што жените често се сметаат за товар.

Спротивно на тоа, момчињата често се гледаат како носители на факелот во семејството, бидејќи го носат презимето и носат мираз.

Во некои случаи, семејствата се одлучуваат за пренатален и постнатален селективен абортус за да се осигураат дека ќе се роди машко дете, наместо да хранат и да се грижат за женско бебе. 

Има уште поекстремни случаи, како што е чедоморството, кога доенчињата се дават во млеко, се хранат со прекумерна количина сол и шеќер, па дури и живи се закопуваат.

Додека законите и кампањите за човечки права се борат против оваа пракса, промената се случува бавно.

frlaat-bebinja-od-krov-ili-zivi-gi-zakopuvaat-zenite-gi-vencaat-so-bikovi-indiski-rituali-koi-go-zgrozuvaat-svetot-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg