Фрлаат бебиња од кров, жените ги венчаваат со бикови: Морничави индиски ритуали кои го згрозуваат светот

Брак меѓу деца

Во Индија законски луѓето не смеат да стапат во брак пред 18 години, меѓутоа законските ограничувања се прекршуваат, особено во руралните средини.

Склучувањето брак меѓу деца е забрането уште од 1929 година и оттогаш се донесени превентивни закони за да се уништи оваа практика.

Иако најчесто се мажат малолетни девојчиња, постојат и момчиња на кои одговорноста на бракот им е наметната уште додека се многу мали.

frlaat-bebinja-od-krov-ili-zivi-gi-zakopuvaat-zenite-gi-vencaat-so-bikovi-indiski-rituali-koi-go-zgrozuvaat-svetot-12.jpg

Фрлање на бебиња од кров за среќа

Еден од најстрашните и шокантни ритуали во Индија е познат како „фрлање бебе“, а главно го практикуваат муслиманите, иако се спроведува и меѓу хиндусите.

За време на овој ритуал, бебето на возраст од неколку месеци се спушта од кров, а луѓето стојат доле за да го фатат.

Се верува дека овој ритуал носи среќа на детето, а се пренесува од генерации на генерации.

Многу активисти и организации за човекови права е залагаат за укинување на овој ризичен ритуал за да се заштитат децата од потенцијални повреди или дури и смртоносен исход.

frlaat-bebinja-od-krov-ili-zivi-gi-zakopuvaat-zenite-gi-vencaat-so-bikovi-indiski-rituali-koi-go-zgrozuvaat-svetot-15.jpg

Брак меѓу животни и луѓе

Хороскопот игра значајна улога во индиската култура и многу детално е разработен.

Врз основа на овие фактори, на некои жени им се препишува „мангал дош“, што се смета дека тие претставуваат закана по живот на идниот сопруг.

За да се избегне тоа, шокантен ритуал во Индија е жената да се омажи за дрво.

Друг начин да се ослободи од овој „мангал дош“ е да се омажи со животно наместо со човек, најчесто со бик.

Овој бизарен ритуал исто така се користи за да се ослободи од духовите за кои се верува дека ја опседнале, посебно ако е родена со физички деформитет или некои други несовршености, како што се расцеп на устата или неправилна поставеност на забите.

frlaat-bebinja-od-krov-ili-zivi-gi-zakopuvaat-zenite-gi-vencaat-so-bikovi-indiski-rituali-koi-go-zgrozuvaat-svetot-06.jpg

Канибализам и наркоманија

Членовите на хинду сектите се познати по своите ритуали кои се прават после смртта.

Она што ги прави посебни е целосното отсуство на табуата во врска со многу работи како што се дрогата и алкохолот.

Агорите го поминуваат времето во крематориуми, мачкајќи ги своите тела со пепел од кремирани луѓе, а коските од скелетите ги користат за изработка на садови и накит.

За разлика од повекето хиндуистички светци и монаси, тие отворено практикуваат канибализам, консумирајќи месо од телата на мртвите.

Исто така се верува во моќта на црната магија.

frlaat-bebinja-od-krov-ili-zivi-gi-zakopuvaat-zenite-gi-vencaat-so-bikovi-indiski-rituali-koi-go-zgrozuvaat-svetot-14.jpg

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg