10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки
Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ дека и жените можат да направат многу. Која жена би ја избрале како посакуван идол за вашата ќерка? Родителите од цел свет изгласаа...
Во свет во којшто сè уште доминираат мажите во многу области, важно е да обрнеме внимание на инспиративните жени кои прават некаква разлика.
Ова се жени кои треба да им бидат идол и инспирација на девојките, но и на возрасните жени и да ги мотивираат да ги следат своите најлуди соништа.
Познатата компанија за коцки за играње LEGO направи интересна анкета.
Тие прашале 2.000 родители на девојчиња на возраст помеѓу шест и десет години кои се најинспиративните жени кои сакаат да им бидат идоли на нивните ќерки.
10-те жени кои добиле најмногу гласови:
Мишел Обама
Мишел Обама е најпозната како поранешна прва дама на САД. Но, самата, настрана од сопругот, е мошне успешна жена.
Таа студираше право на Принстон Харвард и работеше како адвокатка.
Дел е од многу непрофитни организации и е гласноговорник за зголемување на свеста за сиромаштијата, важноста на образованието и слични теми.
Истовремено, Мишел важи и за модна икона, а е и првата Афроамериканка која била прва дама на САД.
Ема Вотсон
Ема се прослави со улогата во филмскиот серијал Harry Potter, но денес е многу повеќе од талентирана актерка.
Покрај бројните успешни филмови, Ема е еден од најгласните активисти кои се борат за женските права, а беше назначена и за амбасадор на Обединетите Нации.
Таа има завршено англиска литература, а од пред некоја година соработува и со моден бренд кој промовира одржлива мода со цел да се намали загадувањето со облека.
Марија Кири
Родена во период кога жените не биле сфатени сериозно, Марија Кири била физичарка и хемичарка која се истакнала над машките колеги.
Марија е пионер во истражувањата за радиоактивноста.
Таа е првата жена во светот која добила Нобелова награда, како и првата (и единствената) личност во историјата која ја има добиено наградата за две области – физика и хемија.
Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се смета за еден од најдобрите тенисери (и машки женски) на сите времиња.
Има освоено 23 Гренд слем титули, а држи неколку рекорди со нејзините победи.
Серена има и четири златни олимписки медали.
Флоренс Најтингејл
Флоренс Најтингејл е најпозната по нејзината улога во Кримската војна помеѓу Британија и Русија.
Во болница во Турција, таа се грижела за илјадници болни и ранети британски војници додека траела војната.
Флоренс ја подобрила хигиената во болницата, ги организирала сите болничари, ги подобрила стандардите за живеење и со ова придонела во тоа значително да се намали стапката на смртност кај војниците.
Истовремено, таа се смета за „мајка“ на модерните медицински сестри.