6 изумители кои биле убиени од нивните изуми што ги направиле славни

Томас Ендрус го дизајнирал Титаник и самиот апелирал на бродот да има повеќе чамци за спасување. Но, никој не го послушал, а Томас загинал на бродот заедно со над 1.500 патници.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-01.jpg

Изумите на некои луѓе направиле вистинска револуција во одредени области. Но, навистина е иронично што дел од овие изумители умреле токму од нивните изуми.

Неколку од нив во продолжение:

Стоктон Раш

Сигурно веќе добро ја знаете приказната за трагичната смрт на Стоктон Раш – извршниот директор на компанија која организира тури со подморница до потонатиот Титаник.

Во јуни годинава, Стоктон, заедно со уште четири лица, вклучувајќи и 19-годишно момче, се спушти со подморница во длабочините на Атлантскиот Океан.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-02.jpg

Според веб-сајтот на компанијата, подморницата била направена во консултација со експерти од НАСА и Boeing, а сè се работело под надзор на Стоктон.

Сепак, по трагедијата се појавија информации дека Стоктон занемарил многу безбедносни протоколи, а тоа доведе и до неговата смрт.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-03.jpg

Томас Ендрус

Томас Ендрус бил бизнисмен и бродоградител кој бил одговорен за изградбата на бродот Титаник.

Со тим од архитекти и инженери, Томас го дизајнирал Титаник кој го опишувал како најголемиот, најбезбедниот и најлуксузниот брод во тоа време.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-04.jpg

Добро познат факт е дека на бродот имало само 20 чамци за спасување, додека Томас инсистирал на 48. За жал, никој не ги послушал неговите препораки.

Томас бил на Титаник кога на 14-ти април 1912 година бродот удрил во санта мраз и потонал.

Тој е само една од илјадниците жртви кои загинаа во трагедијата.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-05.jpg

Луиз Хименез

За разлика од останатите на листата, Луис Алфонсо Хименез не бил изумител, туку американски скулптор со потекло од Мексико. Но, сепак вреди да се спомне и неговата иронична смрт.

Во 2006 година, Луис работел на огромна скулптура во неговото студио во Њу Мексико, која требало да биде поставена на Меѓународниот аеродром во Денвер.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-06.jpg

Станувало збор за скулптура на коњ, висока скоро 10 метри.

Додека Луис работел на скулптурата, дел од неа се откршил и паднал врз неговата нога. Делот му пресекол важна артерија, па Луис изгубил многу крв и бил прогласен за мртов уште пред болничарите да успеат да го однесат во болница.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg