6 изумители кои биле убиени од нивните изуми што ги направиле славни

Ото Лилиентал

Ото Лилиентал бил германски авијатичар кој своевремено бил познат како „летачкиот човек“.

Благодарение на неговата работа, Ото неретко е нарекуван и „таткото на авијацијата“.

Иако неговите изуми засекогаш ја променија авијацијата, тие се виновни и за неговата смрт.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-08.jpg

Во 1896 година, Ото ја тестирал едрилицата што ја дизајнирал. Првите тестови поминале одлично и тој поминал растојание од 250 метри.

Но, за време на четвртиот лет, едрилицата се навалила надолу, Ото изгубил рамнотежа и со едрилицата паднал од височина од околу 15 метри.

Ото веднаш бил пренесен во болница каде што се утврдило дека има скршен ’рбет.

Околу 36 часа по несреќата, тој починал.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-09.jpg

Франц Рајхелт

Фран Рајхелт бил Французин кој работел како шивач, но експериментирал и со падобрани.

Всушност, тој е еден од првите луѓе кои правеле падобрани и ги тестирале. И токму овој изум му го одзел животот.

Во 1912 година, Франц добил дозвола да го тестира неговиот падобран, и тоа со скок од Ајфеловата кула во Париз.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-0.jpg

Околу кулата се собрале 30-тина новинари и љубопитни минувачи додека Франц собирал храброст да скокне.

Околу осум часот наутро, Франц скокнал од кулата од височина од околу 57 метри. Но, како што го отворил падобранот, тој се замотал околу него и Франц паднал на земјата и загинал.

Според записите на француските новинари, раката и ногата му биле скршени, исто како и черепот, а од носот, ушите и устата му течела крв.

Според некои извори, аутопсијата покажала дека Франц не умрел од ударот, туку од инфаркт додека паѓал надолу.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-11.jpg

Вилијам Булок

Вилијам Булок направил револуција во печатарството, откако во 1863 година дизајнирал печатница која можела да печати и до 12.000 страници во еден час.

Но, веројатно претпоставувате дека ова е изумот којшто го убил.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-009.jpg

Во 1867 година, Вилијам требало да инсталира една од неговите печатници за локален весник.

Додека ја местел, ногата му се заглавила во машината и се здобил со сериозни повреди.

Неколку дена подоцна развил гангрена, по што лекарите решиле да му ја ампутираат ногата.

Но, Вилијам починал за време на операцијата.

6-izumiteli-koi-bile-ubieni-od-nivnite-izumi-shto-gi-napravile-slavni-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg