„Те молам избриши го бившиот од фотката“: Твитерџијата што ги „трола“ инстаграмџиите е хит на социјалните мрежи
„Многу ми се допаѓа фоткава, но те молам да направиш нешто со хигиеничарката. Не ми се допаѓа портокаловата боја од нејзината облека“ – му вели девојката на познатиот твитерџија. Тој ја отстрани жената, но покажа што ќе се случи кога неа навистина би ја немало - ѓубре насекаде.
Џејмс Фридман е графички дизајнер кој стана хит на Твитер во последните неколку години заради креативните решенија што им ги нуди на инстаграмџиите кои од него бараат со помош на Фотошоп да им ги среди фотките.
Така, една девојка од него побара да ја тргне хигиеничарката од улицата, но сигурно не очекуваше да добие ваков резултат...
Фридман креативно ѝ одговори на девојката (Сара Вос) и упати порака до сите што ги омаловажуваат и понижуваат луѓето што се грижат за хигиената.
На неговата обработка добро се гледа што ќе се случи ако навистина се „отстрани“ хигиеничарката, затоа што Сара е „фотографирана“ до купишта ѓубре.
Освен Сара, и повеќе други инстаграмџии побараа од Џејмс да им ги преуреди фотките.
Погледнете дел од нив во продолжение:
„Здраво, фотографијава е убава, но би те замолила ако може да се тргне телевизорот зад жените!“
„Дали можеш да ми ставиш круна на главата? Би сакала да изгледам како принцеза“.
„Многу ми се допаѓа оваа моја фотографија, но дали можеш да го тргнеш долгиот метален објект?“
„Здраво Џејмс, пријателите се шегуваат со мене и велат дека фризурата ми е премногу долга и смешна. Дали можеш да ми помогнеш, јас сум дечкото од лево“.
„На оваа божиќна фотографија раката на другарка ми изгледа чудно, како да недостасува. Можеш да ја поправиш?“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





