3 најубави имиња за девојчиња и момчиња родени во мај

Ако треба да станете родители во мај, а сè уште не знаете кое име да му го дадете на своето дете, две женски и едно машко име се навистина убави и имаат симболично значење – пролет, среќа, радост.

3-najubavi-iminja-za-devojlinja-i-momchinja-rodeni-vo-maj-01.jpg 

Ако сакате вашето дете да има традиционално, но и универзално име кое ќе биде поврзано со месецот на неговото раѓање, прочитајте ги најчестите имиња кои родителите во Македонија, но и на Балканот, им ги даваат на синовите и ќерките родени во мај.

Во продолжение најубавите женски и машки имиња за децата родени во мај...

Маја

Многу девојчиња родени во најтоплиот пролетен месец често го носат името Маја.

Ова име е со латинско потекло, а го носела божица во римската митологија.

Името се поврзува со луѓе со силен карактер, кои се во исто време и мили и пријатни.

Весна

Зборот „весна“ во рускиот јазик означува пролет.

Родителите ова име им го даваат на женските деца кои „се родени да донесат среќа, радост или добри вести“.

Ѓорѓи

Едно од најпопуларните машки имиња за децата родени во мај е Ѓорѓи.

Ова име се поврзува со 6 мај кога е Ѓурѓовден, односно Свети Ѓорѓија. Потекнува од грчкото име Јоргос, а значи „земјоделец“ или „воин“.

Но, Ѓорѓи се поврзува и со грчкиот бог Зевс, кој во минатото се сметал и за заштитник на земјоделците.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Илина, Леона - Најубавите имиња за девојчиња родени во август Се верува дека сите кои го носат името Марина имаат висока самодоверба, но и маг...
Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење) Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ири...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...
Предлог имиња за бебиња кои родителите долго чекале да ги добијат Имиња кои во себе носат значење божји дар, имиња кои означуваат победа или радос...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg