Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3-минутна вежба која ќе ви помогне да бидете посреќни (и поздрави) уште денес

Минута 1: Станете свесни за просторот кој ве опкружува и комфорно седнете си на место кое ви е пријатно. Убава светлина, свеќички, предмети што ве потсетуваат на патувања...

3-minutna-vezhba-kako-denes-da-bidete-posrekjni-i-pozdravi-01.jpg

Назанин Манди, родена во Калифорнија, е автор и лајф коуч, која постојано дава совети како да имате подобар и посреќен живот.

Сега, таа открива една вежба со која само за 3 минути ќе си го подобрите животот.

Таа вели дека најважно е секој ден да покажувате благодарност за малите работи во животот.

Нејзиниот ритуал за благодарност за кој гарантира дека ќе ве направи посреќни и поздрави:

Минута 1: Станете свесни за просторот кој ве опкружува и комфорно седнете си на место кое ви е пријатно. Убава светлина, свеќички, предмети што ве потсетуваат на патувања, опкружете се со сè што ви помага да си креирате совршена медитативна сцена.

3-minutna-vezhba-kako-denes-da-bidete-posrekjni-i-pozdravi-02.jpg

Минута 2: Сега е време да се смирите, да го земете своето пенкало и дневник и да напишете листа за што сте благодарни, без разлика дали тоа е нешто мало или големо.

Целта е да замислите 3 до 5 луѓе, места или работи за кои сте среќни и да се обидете одново да ги доживеете пријатните емоции, поврзани со нив.

3-minutna-vezhba-kako-denes-da-bidete-posrekjni-i-pozdravi-04.jpg

Минута 3: Додека седите исполнети со благодарност, дишете длабоко и полека, за да ги средите емоциите и мислите.

Затворете ги очите и ставете ги вашите раце на срцето за да постигнете баланс со телото.

И направете сè што е потребно за овој период на благосостојба да потрае, пред да ги отворите очите и да продолжите со својот ден.

3-minutna-vezhba-kako-denes-da-bidete-posrekjni-i-pozdravi-03.jpg

Оваа вежба, ако ја правите секојдневно, ќе ви помогне да се фокусирате на секојдневните мали радости, како кафето и разговорот со пријателите, а не на предизвиците и негативната енергија со која е нормално дека ќе се соочувате во текот на животот.

Клучот на доброто ментално здравје е благодарноста. Запомнете го тоа!

3-minutna-vezhba-kako-denes-da-bidete-posrekjni-i-pozdravi-05.jpg

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg