„Виски и морфиум за полесно растење на забите“ - Бизарни совети за родителството од минатото
Дрвениот стап се препорачувал како лек против хистерични испади, а секаков „поблаг“ однос на родителот бил осудуван. Постоеле посебни домашни лекови за полесно никнување на забите, а на децата под 7 години редовно им се давало вино - погледнете неколку застарени совети за одгледување деца, што денес делуваат помалку налудничаво, но биле општоприфатени.
Родителството е процес кој постојано се развива, а она што можеби се сметало за соодветен совет во минатото, во модерното време е несфатливо.
Со текот на годините, на родителите им биле давани многу чудни, па дури и штетни совети како да ги воспитуваат своите деца.
На пример, новороденото дете требало да се завитка во листови од роза и сол, а повивањето може да го направи само искусна дадилка.
Бебето е како восок, има различни форми, па верувале дека ќе изгледа така како што ќе го направи дадилката - убавината и грдотијата во голема мера завиеле од тоа.
Кога рацете, нозете и главата на детето се добро завиткани, можело да спие во лулка.
Еве уште некои чудни совети за родителство од минатото:
Чудни лекови за млечни заби
Во 15-иот век за да се олесни растењето на млечните заби се препорачувала паштета од мозок од зајак, маснотии од гуска и кучешко млеко.
Во 20-иот век ситуацијата не се подобрила многу, па на родителите им било советувано да ги мачкаат непцата на своите деца со алкохолни пијалаци, како што е вискито.
Исто така го користеле и морфиумот.
Бебињата биле оставани да плачат
Во минатото било вообичаено родителите да ги остават своите бебиња да плачат како начин да ги научат како да се смируваат.
Меѓутоа, модерните истражувања сега покажуваат дека оваа практика всушност може да биде штетна за развојот на бебето, бидејќи може да доведе до зголемен стрес, па дури и до оштетување на мозокот.
Капење со свинска маст и бришење со влажна ленена крпа
Новороденчињата во текот на целата прва недела од животот требало да се капат со свинска маст.
Потоа, да се бришат со ленена крпа која треба да биде натопена во вода и вино.
На децата требало да им се дава вино за здравје
Децата на возраст под 7 години требало да пијат обично вино разредено со вода, во зависност од јачината на виното и возраста на детето.
Пожелно било да му даваат повеќе бело отколку црвено вино.
Доилките требало да пијат вино со лесен вкус.
Прегратките биле забранети
Порано на родителите им се советувало да се придржуваат до прилично строги принципи кога комуницираат со децата.
Не смееле да ги прегрнуваат и да ги бакнуваат, да си играат со нив и да ги држат.
Дрвениот стап се препорачувал како лек против хистерични испади, а секаков „поблаг“ однос на родителот бил осудуван.
Се верувало дека тоа не само што ќе го разгали детето, туку и ќе доведе до негова смрт.
M. Г. | Црнобело