„Одиш зад Бела Хадид, немој да паднеш!“ – модел открива за што размислува додека е на модната писта (видео)

„Жешко ми е“, „Канје е во првиот ред“ и „Не гледам ништо“ се само дел од смешните работи на кои помислува 20-годишниот Метју додека е на модната писта.

odish-zad-bela-hadid-nemoj-da-padnesh-model-spodeluva-za-shto-razmisluva-dodeka-e-na-modnata-pista-video01.jpg

Дали некогаш сте се запрашале на што мислат моделите додека одат по пистата за време на модните ревии? Сега, благодарение на моделот Метју Симоно, имате можност да дознаете.

Метју е 20-годишен модел од Канада кој има соработувано со некои од најпознатите модни брендови и бил дел од неколку нивни ревии. Неодамна, на неговиот TikTok профил тој сподели три забавни видеа, на кои открива на што мисли додека оди по модната писта.

View this post on Instagram

A post shared by Sims (@mathieu.simoneau)

Смешните видеа се прегледани милиони пати, најмногу бидејќи покажуваат дека и моделите се обични луѓе со свои несигурности.

„Моето деби беше на ревија за Calvin Klein. Беше лудо и бев восхитен од сè. Пистата, сетот, публиката, камерите, тимови за шминкање и фризури – сите беа насекаде, а јас бев без зборови. Уште повозбудливо беше тоа што стануваше збор за важна ревија, па присуствуваа и славни личности“, вели моделот.

Видеата што ги објави на TikTok ги сочинуваат инсерти од ревиите на кои се појавил Метју, а на секој од нив моделот допишал на што мислел во тој момент. Нормално, видеата се направени на шега, но Метју вели дека во нив има и доза вистина.

Дел од неговите најсмешни мисли за време на ревијата:

„Слушнав дека Канје е во прв ред“

odish-zad-bela-hadid-nemoj-da-padnesh-model-spodeluva-za-shto-razmisluva-dodeka-e-na-modnata-pista-video-02.jpg

„Одиш зад Бела Хадид, те молам немој да паднеш!“

odish-zad-bela-hadid-nemoj-da-padnesh-model-spodeluva-za-shto-razmisluva-dodeka-e-na-modnata-pista-video-03.jpg

„Не се смеј. Не се смеј“

odish-zad-bela-hadid-nemoj-da-padnesh-model-spodeluva-za-shto-razmisluva-dodeka-e-na-modnata-pista-video-04.jpg

„Боже, ништо не гледам. Помош. Помош“

odish-zad-bela-hadid-nemoj-da-padnesh-model-spodeluva-za-shto-razmisluva-dodeka-e-na-modnata-pista-video-05.jpg

Во продолжение можете да ги погледнете и видеата:

@mathieusimoneau

ib: @loserthrift #model #fashion #runway

♬ original sound - mathieusimoneau
@mathieusimoneau

Common theme: I can’t see

♬ Playboi Carti – Sky - nick
@mathieusimoneau

Reply to @angelgorl444 Lol the last clip, and I don’t look like Richard Ramirez guys

♬ yrn ezra remix - chillytunees

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Најсмешните мемиња за отворањето на Олимписките игри во Париз Шеги за стаорците во Париз, филмовите со дејство во Париз, но и историјата на Фр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg