Најсмешните мемиња за отворањето на Олимписките игри во Париз
Шеги за стаорците во Париз, филмовите со дејство во Париз, но и историјата на Франција – твитерџиите ја покажаа смислата за хумор, инспирирани од отворањето на Олимписки игри 2024.
Во петокот (26.07) во Париз се одржа церемонијата за отворањето на Олимписки игри 2024.
Секоја церемонија за отворање на Игрите е настан сам по себе кој трае по неколку часа.
Покрај претставувањето на државите учеснички и палењето на олимпискиот оган, секогаш се приредуваат и шоуа од кои дел се инспирирани од историјата и културата на земјата домаќин.
Според многумина, овогодишната церемонија беше волшебна, но и скандалозна, а твитерџиите не ја испуштија можноста и да се пошегуваат.