Генијална пародија на Iron Man
Наместо со терористи, 'Железното Бебе' успешно се справува со шарени зајчиња. Кананѓанецот Патрик Боивин сними одлична пародија на филмот...
..."Iron man 2". Иако за супер херојот со железно одело веќе повеќе од доволно напишано и снимено, Боивин направи одличен потег кога главната улога во својата пародија му припадна на мало дете.
Видеото има доста квалитетна изработка и набрзо стана хит на Јутјуб и како вирус се рашири низ Интернетот.
Снимката е долга нешто повеќе од минута, а обелоденува се што се очекува од добар трејлер - акција, специјални ефекти и слатко бебе со сериозен поглед.
Еве како 'Железното бебе' се бори со шарени зајачиња.