Бабите знаат сè

babite-znaat-se-povekjeНа судење обвинителот го повикува својот прв сведок, една бабичка од приближно 80 години и ја прашува: “Госпоѓо, дали вие ме познавате мене?“

 

babite-znaat-se

Бабата му одговара:

Како не би ве познавала господине Јовиќ. Ве знам уште кога бевте млад, дечко. Но, морам искрено да ви кажам дека навистина се разочарав од вас. Лажевте, ги изневерувавте најблиските – вклучувајќи ја и вашата жена, трачаревте наоколу и манипулиравте со луѓето. Вие мислите дека сте важна фаца, а всушност немате мозок ни колку мушичка без глава. Да, одлично ве познавам...

Обвинителот потполно збунет продолжува со прашањата:

А, го познавате ли госпоѓо овој овде присутен господин адвокат?

Да, да. Го познавам и господинот Здравевски, уште додека беше дечко. Тој е тешка мрза, превртлив и има проблеми со алкохолот. Не може да воспостави нормален однос со никого, а го бие глас и дека е најлош адвокат во земјата. Да не споменувам дека ја изневерува жена си со 3 други, меѓу кои и вашата. Да, да... и него добро го познавам!

Адвокатот само што не добил инфаркт.

Судијата им наредил на обвинителот и адвокатот да пријдат до него и тивко им шепнал:

Слушајте вие двајца идиоти! Ако било кој од вас ја праша бабава дали ме познава мене, и двајцата има да ве пратам на доживотна робија!

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Најлудите работи што ги гледаат вработени во техничка поддршка Подуена батерија од лаптоп која може да експлодира во секој миг, конзола за игра...
10 фотографии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените очи (и да погледнете двапати) На прв поглед, ќе ви личи како очите да ве лажат... Погледнете ги двапати фоткит...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Смешна фото-компилација: Луѓе кои мислеле дека не им треба крем за сончање (и зажалиле) Ако сте како повеќето, сигурно барем еднаш во животот сте заборавиле да ставите ...
„Девојките без филери и вештачки нокти ќе бидат ендемски вид“ и уште 16 кул твитови Госпоѓо, казната за навреда на службено лице е 50 евра. Пиши ми 150 евра, уште н...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg