Фото на денот: Сцена во Скопје освојува срца – за Вања, за Натали, за Симона и сите жени-херои
Неколку млади Македонки за CRNOBELO.com ја раскажаа приказната за својата битка со ракот на дојката. Таа е тешка, макотрпна и потребно е огромна психичка сила. Токму затоа и го поздравуваме потегот на Археолошкиот музеј. За нив и за сите останати жени-борки и херои.
Месец октомври е Светскиот месец за борба против ракот на дојката. Многу се говори на темата, се преземаат секакви акции и на секој начин се вршат обиди да се поткрене јавната свест за важноста на раната детекција на ракот на дојка.
И ние ангажирано учествуваме во борбата за истото и ви пренесуваме неколку искуства на наши соговорнички:
Вања Мицевска се избори со ракот на 26 години: „Имаш рак - се срушив, нозете не ме држеа, но научив важни лекции“
Симона Маџарова се избори со ракот на 28 години: „Мојата помала сестра ми беше најголемата поддршка“
Наталија од Битола се избори со ракот на 26 години: „По хемотерапијата во време на корона, конечно повторно се чувствувам добро во своја кожа“
Потег за поздрав направи и Археолошкиот музеј во Скопје. Одговорните одлучија цел месец да биде осветлен во розово во име на борбата против ракот на дојка.
Ви ја пренесуваме нивната објава на Инстаграм:
„По повод Светскиот месец за борба против ракот на дојката, Археолошкиот музеј цел месец ќе биде осветлен во розова боја во знак на поддршка и подигнување на свеста.“
С. С. | Црнобело