Цел живот се бореше со зависност, се удави под дејство на дрога – трагичниот живот на Витни Хјустон

Врската со Боби Браун била мошне токсична

Витни и пејачот Боби Браун се запознаа во 1989, а се венчаа во 1992 година и добија едно дете. Во 2007-ма, по 15 години заедно, тие се разведоа.

Иако бракот траеше долго, бил далеку од совршен.

Од една страна, на Витни ѝ било смачено од гласините што се ширеле за нејзиниот брак, а и нивниот однос бил многу токсичен.

„Проблемот со Витни и Боби беше што си ги поддржуваа зависностите. Таа користеше повеќе кокаин, тој пиеше повеќе. Кога беа заедно, пиеја и се дрогираа уште повеќе“, открива пријателка на пејачката за People.

Покрај тоа, Боби бил многу љубоморен на успехот на Витни, а по разводот пејачката и самата го потврди ова.

cel-zhivot-se-boreshe-so-zavisnost-se-udavi-pod-dejstvo-na-droga-tragichniot-zhivot-na-vitni-hjuston-06.jpg

Кариерата на Витни почна да се движи во надолна линија поради зависностите

Поради честото користење наркотици и алкохол, Витни си го оштети гласот и повеќе не можеше да снима хитови.

Ова се одрази лошо на нејзината кариера која почна да се движи во надолна линија во раните 2000-ти.

Сакајќи да си го среди животот, до 2010-та таа неколкупати отиде на рехабилитација, а потоа направи и турнеја низ Европа, Азија и Австралија.

Но, бидејќи веќе ги изгуби вокалните способности, многу фанови ги напуштале концертите пред крајот.

cel-zhivot-se-boreshe-so-zavisnost-se-udavi-pod-dejstvo-na-droga-tragichniot-zhivot-na-vitni-hjuston-07.jpg

Витни се соочила и со криза на идентитет

На почетокот од кариерата, Витни била критикувана дека „не е доволно црна“ за да пее музика препознатлива за Афроамериканците.

Па, со цел да ги добие нивните симпатии, менаџерите ја терале да пее песни кои се фокусираат на нејзиното афроамериканско потекло.

А, за да ја зачува публиката, самата не смеела да каже ништо во врска со овие критики.

Поради ова пејачка се соочила со криза на идентитет поврзана со нејзината раса.

cel-zhivot-se-boreshe-so-zavisnost-se-udavi-pod-dejstvo-na-droga-tragichniot-zhivot-na-vitni-hjuston-08.jpg

Почина еден ден пред Греми наградите

На 11-ти февруари 2012 година, Витни Хјустон беше пронајдена мртва во нејзиниот дом.

Подоцна беше споделено дека се удавила во кадата додека била под дејство на кокаин. Важна улога во нејзината смрт имале и проблемите со срцето.

Исто така, во нејзиното тело биле пронајдени и други супстанци, како канабис и антидепресиви.

Следниот ден се одржаа Греми наградите, а на церемонијата голем број музичари го изразија нивното сочувство.

cel-zhivot-se-boreshe-so-zavisnost-se-udavi-pod-dejstvo-na-droga-tragichniot-zhivot-na-vitni-hjuston-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg