Тежок е 164kg, а крена тег од 500кg: Факти за Еди Хол, некогашниот најсилен човек на светот

Во 2016 година, Еди Хол успеа да крене тег од дури 500 килограми, а следната година беше прогласен за најсилниот маж во светот. Откако најави дека ќе се пензионира од вакви натпревари поради проблеми со здравјето, Еди ја започна својата боксерска кариера.

krena-teg-od-500-kg-bil-izbrkan-od-uchilishte-fakti-za-edi-hol-poraneshniot-najsilen-chovek-na-svetot-01.jpg

Еди Хол (35) стана светски познат откако беше прогласен за најсилниот маж во светот во 2017 година. Исто така, тој е првата личност во светот која успеа да крене тег од неверојатни 500 килограми.

Во 2017 година тој најави дека ќе мора да намали со тренинзите поради здравствени проблеми, но уште е активен на Инстаграм каде што го следат 3,6 милиони корисници, а има и релативно нова боксерска кариера.

Во продолжение неколку забавни факти за животот на Еди Хол:

Еди е роден во 1988 година, а во тинејџерските години почнал да се занимава со пливање. На 15 години бил избркан од училиште, по што продолжил со домашно образование до крајот на средно.

krena-teg-od-500-kg-bil-izbrkan-od-uchilishte-fakti-za-edi-hol-poraneshniot-najsilen-chovek-na-svetot-05.jpg

Бодибилдерот има откриено дека сонувал да стане професионален пливач, но морал да се откаже од овој сон откако го избркале од училиште. Овој период Еди имал сериозни проблеми со анксиозност.

krena-teg-od-500-kg-bil-izbrkan-od-uchilishte-fakti-za-edi-hol-poraneshniot-najsilen-chovek-na-svetot09.jpg

Во 2008 година работел како механичар, а тој период почнал интензивно да вежба во теретана и да се пријавува на натпревари за покажување сила.

krena-teg-od-500-kg-bil-izbrkan-od-uchilishte-fakti-za-edi-hol-poraneshniot-najsilen-chovek-na-svetot-04.jpg

Во 2011 година, Еди беше прогласен за најмускулестиот маж во Обединетото Кралство.

krena-teg-od-500-kg-bil-izbrkan-od-uchilishte-fakti-za-edi-hol-poraneshniot-najsilen-chovek-na-svetot-07.jpg

Во 2015 година, Еди беше дел од натпреварот за најсилен маж во светот, но тогаш стигна само до четврто место.

krena-teg-od-500-kg-bil-izbrkan-od-uchilishte-fakti-za-edi-hol-poraneshniot-najsilen-chovek-na-svetot-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg