Доставуваат без GPS 130 години, не користат телефони – Факти за Дабаваласите, доставувачите на храна од Мумбаи

Не знаат да читаат и не користат телефони, но работат како доставувачи на храна низ Мумбаи, Индија без да погрешат – кои се дабаваласите, најстарите доставувачи храна кои функционираат без технологија?

dostavuvaat-bez-gps-130-godini-ne-koristat-telefoni-fakti-za-dabalasite-dostavuvacite-na-hrana-od-mumbai-01.jpg

Дабаваласите се доставувачи на храна од Мумбаи, Индија кои 130 години разнесуваат топли оброци до домовите, без употреба на технологија.

Универзитетот Харвард дури и ги проучувал поради необичниот начин на работа, затоа што успешно и навреме ги доставуваат порачките без да употребуваат навигација.

Доставувачите од оваа најстара организација за доставување храна се луѓе кои немаат дури ни основно образование, не знаат да користат никаква технологија, но се вредни и брзи и го знаат Мумбаи напамет.

Во оваа необична организација за пренесување храна, работат околу 5.000 доставувачи и како превозно средство користат велосипеди со кои одат до најблиската железничка станица и оттаму пакетите со храна ги преземаат други доставувачи.

dostavuvaat-bez-gps-130-godini-ne-koristat-telefoni-fakti-za-dabalasite-dostavuvacite-na-hrana-od-mumbai-02.jpg

Во продолжение неколку факти за нив: 

Не користат GPS и не прават грешки – па како стигнуваат?

Дабаваласите користат свој измислен кодирачки систем од бројки и букви кој е напишан на секој пакет и означува каде треба да се однесе.

Кодот содржи област, зграда, спрат и слично, го користат дури 130 години и скоро никогаш не погрешиле. Некои од нив не знаат ни да читаат, но нивниот код го разбираат и никогаш не се губат.

dostavuvaat-bez-gps-130-godini-ne-koristat-telefoni-fakti-za-dabalasite-dostavuvacite-na-hrana-od-mumbai-03.jpg

Храната секогаш пристигнува топла

Пренесуваат околу 200.000 пакети храна за помалку од 3 часа на различна дестинација.

Тие се толку брзи, што оброкот секогаш стигнува топол, не доцнат и клиентите се секогаш задоволни од нив.

dostavuvaat-bez-gps-130-godini-ne-koristat-telefoni-fakti-za-dabalasite-dostavuvacite-na-hrana-od-mumbai-04.jpg

Харвард ги проучувал

Универзитетот Харвард од САД бил воодушевен од нивната способност и одлучил да ги проучува затоа што во новото време на технологија ретко кој може да функционира без паметните уреди.

Ги посетил кралот Чарлс

Во 2005 година, тогашниот принц на Велика Британија, бил многу заинтересиран за дабаваласите и ги посетил за да види како всушност работат. 

dostavuvaat-bez-gps-130-godini-ne-koristat-telefoni-fakti-za-dabalasite-dostavuvacite-na-hrana-od-mumbai-05.jpg

Овој начин е поедноставен и поевтин

Самата организација одлучила да продолжат по стариот систем на работа затоа што нивното мото е да се остане едноставен, но и да може секој да си дозволи домашно подготвена храна.

На овој начин услугата е многу поевтина за разлика од другите доставувачи кои наплаќаат многу повеќе заради користењето на модерната технологија.

М. Л. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
10 цитати за сите вљубеници во Италија „Се гушам ако еднаш годишно не дишам италијански воздух“… Се чувствувате ли и ви...
8 инспиративни цитати од светски шампиони: „Златните медали не се направени од злато туку од пот и и... „Можам да живеам со поразот. Но не можам да се помирам со фактот да се откажам п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg