Помалку познати факти за Пабло Ескобар - ја присилил сопругата да абортира на 14-годишна возраст, имал соба за љубовници
Сопругата на Пабло имала едвај 15 години на денот нa нивната венчавка, но тие имале односи и пред свадбата. Кога таа останала бремена на 14 години, нарко-босот ја присилил да абортира.
Не постои личност која не слушнала за Пабло Ескобар – најголемиот нарко-бос во историјата за кој се верува дека своевремено бил и најбогатиот човек на светот.
Ескобар останува запомнет како сурова личност која без двоумење мачела и убивала само за да стигне до својата цел.
Веруваме дека знаете многу детали од животот на Ескобар, но сигурно не сте ги слушнале следниве факти:
Поради него, денес во Колумбија има нилски коњи
Пабло Ескобар не шверцувал само дрога, туку и животни, од кои повеќето ги донел во Колумбија со неговите авиони за шверцување.
Во зоолошката на Ескобар имало околу 200 животни, вклучувајќи слонови, зебри, камили, жирафи и нилски коњи.
По неговата смрт, повеќето животни биле пренесени во зоолошки градини, но на имотот биле оставени четири нилски коњи.
Тие брзо се размножиле и до 2016 година во областа живееле околу 40 единки.
Нилските коњи се опасни животни, па честопати предизвикувале штета и ги плашеле околните жители.
Колумбиските власти почнале да ги кастрираат преостанатите машки нилски коњи со надеж дека ќе воспостават контрола над нивниот број.
Благодарение на него Меделин претрпе целосна трансформација
Факт е дека колумбискиот град Меделин стана познат токму поради Пабло Ескобар.
Тој имал свој удел во подобрувањето на животот на локалците, но обидите на властите да се дистанцираат од Ескобар е причина за позитивната трансформација на градот.
Со цел да се надминат проблемите со дрога и насилство што ги оставил Ескобар, властите 30 години работеле на трансформација на градот. Дел од овие проекти е и метрото во Меделин, кое засега е единственото во Колумбија.
Истовремено, властите пробувале да ги елиминираат локациите во градот кои се поврзуваат со Ескобар, претворајќи ги во паркови, музеи и слично.
Не сакал неговите деца да станат како него
Можеби звучи чудно кога ќе се земат предвид сите злосторства, но Пабло Ескобар вистински го сакал неговото семејство.
Според неговите деца, тој давал сè од себе за тие да бидат безбедни.
Истовремено, тој ги учел неговите деца на добрина и дарежливост и како да сакал тие да не тргнат по истиот пат како него.
Се чини обидите на Пабло да го заштити семејството се исплатиле, бидејќи до денес тие се држат настрана од очите на јавноста и се на безбедно.
Но, постојано ја изневерувал сопругата
Ескобар имал 27, а неговата сопруга Викторија само 15 години на денот на нивната венчавка.
Во нејзината книга Mrs Escobar: My Life With Pablo, таа открива дека тие имале односи и пред свадбата, а на 14-годишна возраст таа била присилена да абортира.
Кога, пак, родила првото дете, почнала да ги чувствува породилните болки додека била на училиште.
Викторија вели и дека Пабло имал соба во нивниот заеднички дом каде што ги носел неговите љубовници. Односно, тој ја изневерувал сопругата во нивниот дом, а таа морала да молчи од страв.
Всушност, Викторија многупати размислувала да го остави нарко-босот, но стравувала за својот живот, па останала со него.
Во Меделин можете да го запознаете неговиот брат
Иако властите се обидуваат да се дистанцираат од Ескобар, многу туристи сепак сакаат да ги видат местата поврзани со нарко-босот.
Поради ова, во градот има многу тури, од кои дел нудат можност да се запознаете со неговиот брат – Роберто.
Роберто Ескобар е постариот брат на Пабло кој со задоволство зборува со туристите за животот на брат му.
Една од вилите на Ескобар е претворена во забавен парк
Повеќето вили на Ескобар се уништени, но една од нив – Haceinda Napoles – можете да ја видите и денес.
Вилата била една од многуте викендички на нарко-босот, а властите одлучиле наместо да ја рушат, да ја претворат во забавен пар.
Сепак, не очекувајте овде да најдете што било поврзано со нарко-босот. Всушност, ако однапред не сте чуле дека куќата била негова, сами не би го воочиле тоа.
Речиси станал претседател на Колумбија
Ескобар бил позната личност во неговиот град, а бидејќи им помагал на локалците, тие го сакале ценеле, и покрај неговите злодела.
Луѓето го гледале како херој и личност која може да им ги подобри животите.
Всушност, Пабло бил толку популарен, што решил да се кандидира и во претседателската трка.
Неговата кампања била многу успешна и тој веројатно би победил доколку не бил тогашниот министер за правда.
Министерот одржал говор во кој ги изнел сите злосторства на Ескобар и го променил мислењето на јавноста, но за ова платил со својот живот.
Спирова С. | Црнобело