Има 718 теренски возила, го нарекуваат „шеикот виножито“ – Кој е богатиот владетел на Абу Даби, за кого големината е многу важна?
Во 2011-та година нарачал на остров да биде испишано неговото име со канали за да биде видливо од вселената, парите ги троши на креирање бизарни мегаломански реплики на џипови и теренски возила – Кој е богатиот владетел на Абу Даби, Хамад бин Хамад ал Нахјан?
Како голем број други владетели што имаат неизмерно богатство, така и владетелот на Абу Даби, шеикот Хамад бин Хамдан ал Нахјан (73), е опседнат со скапи автомобили.
Но, за разлика од голем број други богати личности што трошат опари на луксузни и спортски автомобили, тој е опседнат со големи теренски возила наменети за „off-road“ возење.
Со богатство од 20 милијарди долари, шеикот Хамдан е еден од најбогатите владетели во светот. Неговото семејство контролира 95 отсто од вкупните извори на нафта во Обединетите Арапски Емирати.
Тој се обидува сопствениот приватен живот да го сочува подалеку од очите на јавноста, но сепак успеал да го привлече вниманието со тоа што е љубител на големи автомобили, но и други мегаломански проекти.
Прекарот „шеикот виножито“ го добил затоа што голем број од неговите возила, меѓу кои и еден хеликоптер и автомобил „Fiat 500“ се обоени во боите на виножитото.
Во 1990-та година тој побарал од „Mercedes“ да му изработат автомобили во секоја боја од виножитото како свадбен подарок.
По ова го добил прекарот, а наводно толку многу се гордее со него, што бара да има цртежи со виножито во сите музеи каде што се изложуваат неговите возила.
Иако може да си дозволи, шеикот не купува спортски автомобили, туку избира чудни возила наменети за „off-road“ возење, мегаломански реплики, класични американски автомобили и слично.
Шеикот Хамад е носител на Гинисов рекорд за најголемата колекција на SUV и теренски возила во светот и има вкупно 718 вакви автомобили.
Пред 11 години овој шеик го привлече вниманието со тоа што го испиша своето име на островот Ал Футаиси во близина на Абу Даби за да може да биде видливо од вселената.
Името „Хамад“ беше испишано со канали и фотографиите веднаш станаа хит во светските медиуми.
Неговиот музеј во форма на пирамида за автомобили има над 200 возила, а во музејот посветен на „off-road“ автомобили може да најдете некои од најлудите креации што тој самиот ги создал.
Неговата најбизарна креација е караван во форма на земјината топка, кој е реална реплика на нашата планета во размер од 1:1.000.000.
Караванот мора да биде влечен од друго возило, а внатре има 9 гостински соби и 9 тоалети.
Тој е сопственик на најголемиот џип што може да се вози, на најголемото теренско возило, а на неговиот Инстаграм профил има голем број фотографии од овие креации.