„Не ја сфаќам опседнатоста на фановите со Силви во ‘Emily in Paris’“: Која е харизматичната Филипин Лерој Болие?
За некого Емили е омилениот лик од серијата Emily in Paris, други го обожаваат Лук, за трети дилемата е меѓу шеф Габриел и Алфи. Но, многу фанови на познатата серија велат дека шик парижанката Силви е нивниот фаворит. Која е Филипин Лерој Болие, актерката што ја „оживеа“ Силви Грато?
Кога во 2020 година се појави во улогата на Силви Грато во хит-серијата Emily in Paris, актерката Филипн Лерој Болие не очекуваше светска слава.
Но токму тоа ѝ се случи и сега, во седмата деценија од животот, таа е на врвот на својата кариера.
Сепак, вели дека не може да сфати зошто фановите на серијата се опседнати со нејзиниот лик.
Но, со својот природен шарм, совршеното тело (иако има 61 година), стилот на облекување и повремените саркастични коментари, Силви е навистина идеален телевизиски лик.
Едни сакаат да изгледаат како неа, други, пак, да го имаат нејзиниот шик стил.