Само 25% од населението се жени и уште 7 факти за Катар кои докажуваат дека е земја од друг свет
Знаевте ли дека дури 99% од населението во Катар живее во градови?
Катар е држава во југозападна Азија и зафаќа дел од западниот брег на Персискиот Залив.
Благодарение на нафтената индустрија, животниот стандард во земјата драстично се подобри, па денес Катар е третата најбогата земја во светот.
Неколку факти кои докажуваат дека Катар навистина е како земја од друг свет:
Некои вообичаени гестови можат да бидат навредливи
Некои гестови кои за нас се сосема нормални и вообичаени, во Катар можат да бидат навредливи.
Покажувањето со прст кон нешто, гестот со палецот нагоре, па дури и прекрстувањето на нозете не изгледаат културно за локалците.
Има многу повеќе мажи од жени
Во Катар живеат околу 2.20 милиони мажи и околу 730.000 жени.
Односно, 74,96% од населението го сочинуваат мажи додека само 25.04% се жени.
Овде се наоѓа еден од најубавите аеродроми во светот
Меѓународниот аеродром Hamad International Airport е вистинска атракција во Катар и во 2021 и 2022 година беше прогласен за најубавиот аеродром во светот.
Овде има над 70 фри-шоп продавници, луксузни бутици, над 30 кафетерии и ресторани и бројни други забавни атракции.
Порано Катар речиси и да немаше дрвја
Покрај новите модерни градби, Катар претрпе и други големи промени во изминативе неколку години.
Катар е пустинска земја, па властите си дале за цел да ја раззеленат. Наводно, тие планираат да засадат 10 милиони дрвја до 2030 година.