Само 25% од населението се жени и уште 7 факти за Катар кои докажуваат дека е земја од друг свет
Во Катар има само едно езеро
Езерото Aspire е единственото езеро во Катар и се наоѓа во истоимениот парк во Доха.
Паркот се протега на површина од 88 хектари и е популарно место за пикник.
Овде се наоѓа и модерниот хотел Aspire Tower кој е висок 300 метри.
Најголем дел од населението живее во градови
Катар е земја каде што поголемиот дел од населението живее во урбани области. Односно, околу 99% од жителите живеат во градови.
Како Дубаи, и Катар има вештачки остров
The Pearl of Qatar, или Бисерот на Катар, е вештачки остров кој зафаќа површина од речиси четири километри квадратни.
На вештачкиот остров има луксузни домови и хотели, кафетерии, ресторани и луксузни бутици, а од 2018 година, на него живеат околу 27.000 луѓе.
Собирањето бисери е важен дел од културата
Собирањето бисери порано била една од главните индустрии во Катар и има голем удел во економскиот развој на земјата.
Овој занает е популарен и денес, а локалците одржуваат и фестивал во негова чест.
Спирова С. | Црнобело