„Неверојатно е што сѐ може да направи заљубена жена“: Цитати од „Илјада и една ноќ“ кои се морален водич во современиот свет

Познати владетели, бајковити пејзажи и незаборавни хероини кои ги обземат сите ваши сетила - а потоа исчезнуваат со првата зора, за да оживеат кога Месечината повторно ќе доминира на небото. Со сите овие епитети и метафори пркоси една од најчитаните книги во историјата на човештвото – „Илјада и една ноќ“.

Ako-lagata-mozhe-da-go-spasi-chovekot-ednash-vistinata-mozhe-dvapati-citati-od-Iljada-i-edna-nokj-koi-se-nishka-na-drevnoto-bogatstvo-i-moralen-vodish-vo-sovremeniot-svet 01 630x330.jpg

Станува збор за суровиот крал Шахријар, кој откако го открил неверството на својата сопруга, барал секоја вечер да му носат по една девица на која ѝ ја одземал невиноста и утрото ја испраќал во смрт.

И покрај гневот на своите поданици во чии срца крчкало семето на бунтот, кралот Шахријар продолжувал со својата крвава гозба. Убавата Шехерезада, ќерка на кралскиот везир, била предодредена да биде следната „невеста“ на кралот.

Мудрата убавица набрзо смислила план да ја спречи преодредената несреќа: таа секоја вечер му раскажувала приказна, која секогаш достигнувала драматична кулминација пред зори. Обземен од љубопитност, кралот ја оставил Шехерезада жива, чекајќи нетрпеливо да го дознае крајот на приказната.

Ako-lagata-mozhe-da-go-spasi-chovekot-ednash-vistinata-mozhe-dvapati-citati-od-Iljada-i-edna-nokj-koi-se-nishka-na-drevnoto-bogatstvo-i-moralen-vodish-vo-sovremeniot-svet 02 630x380.jpg

„Илјада и една ноќ“, попозната во западниот свет како „Арапски ноќи“, е извонредна збирка на народни приказни, класични грчки и римски митови и нордиски легенди како што се: „Аладин и волшебната ламба“, „Али Баба и четириесетте разбојници“, „Синбад морепловецот“ и многу други.

Во продолжение за вас ги издвоивме најубавите цитати од „Илјада и една ноќ“ кои се нишка на древното богатство и морален водич во современиот свет:

„Не зборувајте за она што не ве засега, за да не го слушнете она што не ве радува“.

„Ако ви треба прегратка, дајте ја на некој друг“.

„Само во целосна осаменост човекот може да биде безбеден од делата на овој гнасен свет“.

ako-lagite-mozhat-da-go-spasat-chovekot-ednash-vistinata-mozhe-dvapati-citati-od-iljada-i-edna-nokj-koi-se-nishka-na-drevnoto-bogatstvo-i-morale-vodich-vo-sovremeniot-svet-02.jpg

„Да се преселиш во нова земја е како да се навикнеш на нов пар чевли. На почеток малку стегаат, но ви се допаѓа како изгледаат, па продолжувате понатаму.

Колку подолго ги имате, толку поудобни стануваат, сè додека еден ден носењето на тие чевли не стане како воопшто да не ги носите. Колку повеќе ве мачеле, толку повеќе ќе ги засакате и нема да можете да го замислите животот без нив“.

„За да успеете, мора да посегнете по ѕвездите и да дозволите вашата имагинација да си го најде својот пат“.

„Омажи ме за кралот: или ќе умрам и ќе бидам откупнина за ќерките на муслиманите, или ќе живеам и ќе бидам причина за нивното ослободување“.

ako-lagite-mozhat-da-go-spasat-chovekot-ednash-vistinata-mozhe-dvapati-citati-od-iljada-i-edna-nokj-koi-se-nishka-na-drevnoto-bogatstvo-i-morale-vodich-vo-sovremeniot-svet-04.jpg

„Минатото и иднината се исти и ние не можеме да ги промениме, можеме само потсвесно да се сеќаваме и да претчувствуваме. Моето патување во минатото не промени ништо, но она што го научив промени сè, и сфатив дека не можеше да биде поинаку.

Ако нашите животи се бајки што ги кажува Алах, тогаш ние сме публиката како и играчите, и токму со живеење на овие приказни ги добиваме нивните лекции“.

„Жена - кога сте сами со неа, нека вашите зборови бидат љубовни, а вашите дела желни. Така нејзината убавина и целото нејзино богатство ќе бидат ваши“.

„Загубата што може да се надомести со пари, всушност не е од толку голема важност“.

ako-lagite-mozhat-da-go-spasat-chovekot-ednash-vistinata-mozhe-dvapati-citati-od-iljada-i-edna-nokj-koi-se-nishka-na-drevnoto-bogatstvo-i-morale-vodich-vo-sovremeniot-svet-05.jpg

„Неверојатно е што сѐ може да направи заљубена жена“.

„Тој рече дека светот е пекол полн со темнина и зло и дека има само два начина да се справиме со тоа. Првиот беше лесен и погрешен: да го прифатиш и да станеш дел од него.

Вториот начин беше потежок и правилен: се бориш против него, ги препознаваш оние што не се злобни и им помагаш да издржат“.

„Ако лагите можат да го спасат човекот еднаш, вистината може да го спаси двапати“.

ako-lagite-mozhat-da-go-spasat-chovekot-ednash-vistinata-mozhe-dvapati-citati-od-iljada-i-edna-nokj-koi-se-nishka-na-drevnoto-bogatstvo-i-morale-vodich-vo-sovremeniot-svet-03.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg