Трагичната вистинска љубовна приказна од Титаник: Ида и Исидор Штраус се жртвуваа за другите да бидат спасени

Сите се сеќаваме на „Титаник“. Сигурно нема личност која не го гледала овој култен филм. А посебно онаа сцена на стариот пар, легнат во кревет, прегрнат, чекајќи да биде проголтан од ладната вода. Иако режисерот на филмот си земал слобода за како да го изрежира тој момент, сепак стариот пар е инспириран од вистинска љубовна приказна. Онаа на Ида и Исидор Штраус.

Tragichnata-vistinska-ljubovna-prikazna-od-Titanik-Ida-i-Isidor-Straus-02.png

Непосредно пред полноќ на 14 април 1912-та година, „непотонливиот и неуништлив“ „Титаник“ удрира во санта мраз и почнува да ја пропушта морската вода низ дупките.

Кога станува јасно дека бродот почнува да тоне, Исидор и Ида направиле како што им било кажано - парот облекол елеци за спасување и истрчал на палубата, каде што офицерите на бродот ги спуштале чамците за спасување и им наредувале на жените, децата и патниците од прва класа да се качат први.

Tragichnata-vistinska-ljubovna-prikazna-od-Titanik-Ida-i-Isidor-Straus-03.png

Според деталните извештаи од слугинката на Ида и колегата на Исидор (и двајцата преживеани очевидци кои ја раскажале приказната), одреден офицер ѝ рекол на Ида да се качи во чамецот за спасување. Таа се качила. Кога офицерот му наредил и на Исидор, тој само одмавнал со главата и рекол:

„Не, нема да се качам на чамецот за спасување додека не видам дека има место за секоја жена и дете“, изјавува правнукот на двојката, семејниот историчар и професор на Штраус, Пол Курцман.

Во тој момент Ида излегла од чамецот, се завртела кон саканиот и му рекла:

„Живеевме прекрасен живот заедно 40 години и имаме шест убави деца, ако ти не се качиш на чамецот за спасување, нема ни јас“.

„Исидор ги обвил рацете околу неа“, кажува Курцман. „Потоа, огромен бран ги однел двајцата во морето. Тоа бил последниот пат кога биле видени живи“.

Режисерот на Титаник, Џејмс Камерон, дури снимал сцена која на кратко ја раскажува оваа приказна за Ида и Исидор; но не влегла во финалната верзија на филмот.

Сега може да се погледне како додаток на DVD изданијата и на YouTube.

Овој нежен момент е само една од многуте горчливи, последни приказни од „Титаник“. Дел од нив се откриени, а дел ќе останат засекогаш закопани во длабочината на морето.

Прекрасната љубов и жртва на Исидор и Ида живее сè уште.

Tragichnata-vistinska-ljubovna-prikazna-od-Titanik-Ida-i-Isidor-Straus-04.png

К. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Родена е во Шпанија, ја мрази скиентолошката црква – Факти за градоначалничката на Париз „Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави Ен Идалго, градоначал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg